14.11.2020

Битолчани го одиграа својот прв меч во новата прволигашка сезона, против МЗТ Скопје Уни Банка убедливи (104:66)

4. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер влезе во новата сезона со „стотка“

Долго време чекаа, на крјот и дочекаа. Кошаркарите на Пелистер го одиграа првиот натпревар во сезоната 2020/2021.  Во Битола гостуваше екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Совладана е повеќе од убедливо.

По релативно лошиот почеток, на крјаот, работите си дојдоа на своето место. Фаворитот ја запиша првата првенствена победа

ПЕЛИСТЕР - МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА              104:66

Резултат од (16:4)  имаа кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка на почетокот од средбата во Битола. Но битолчани релативно брзо ја преполовија таа негатива. Во 8.минута намалија на (12:18), доволно за тренерот Борче Даскаловски да земе тајм-аут.

Без ефект, затоа што Трајковски погоди две тројки, и донесе нерешен резултат, (18:18), како што беше на истекот на првиот квартал.

Имаа битолчани (33:26) во вториот период од играта на прволигашката премиера во Битола во оваа сезона, потоа и (38:29) на нецели три минути пред одморот. Ја задржаа до крајот на првото полувреме (47:38).

Во второто, „зелено-белите“ не ја повторија истата грешка. Од самиот почеток наметнаа жестоко темпо. Од минута во минута го кршеа тпрото на младиот тим одд Аеродром. Во третиот период додадоа уште 13. поени на позитивата од полувремето. И пред почетокто на последната, веќе беа доста далеку од противникот.

„Пелистерци“ водеа со повеќе од убедливи (76:56) по што стана јасно кој ќе ги освои бодовите на овој премиерен прволигашки во Битола.

Четворица домашни кошаркари веќе имаа двоен број на поени. Калахан 19. Малешевиќ 13, а Вилијамс и Трајковски по 12. поени.

На другaта страна, макар поентерски донекаде парираа Исабел со 19 (одлична реализација од поле, 7/8), и Дарио Митевски кој дојде до десет поени.  

Оној последен дел се претвори во рутинерски за домашната екипа, која имаше предност изразена и од четириесет поени.