21.04.2021

Денеска, од 17.30 часот, Вардар е следниот противник на лидерот на табелата

4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 по потврда на првата позиција

Денеска и утре ќе се одигра четвртото коло од Суперлигата во женска конкуренција. На програмата се три натпревари, а распоредот вели дека денеска од 17.30 часот, ќе се одигра еден од нив.

Во салата „Независна Македонија“ во Скопје, од 17.30 часот, лидерот во Суперлигата, екипата на Бадел 1862 ќе го пречека Вардар во обид да ја потврди најдобрата стартна позиција пред плеј-офот.

Останатите две средби ќе се одиграат утре...

По поразот во дербито со „баделки“, кошаркарките на Баскет КАМ (од 14.30.часот), ќе се обидат да се рехабилитираат на гостувањето кај Струга 2009. Екипа која во претходното коло покажа дека полека ја пронаоѓа својата игра, и се очекува доста порамноправен дуел во Спортскиот центар „Тими“ во Струга.

Можеби најнеизвесно се очекува да биде на средбата Работнички – Крива Паланка која ќе почне половина час подоцна, (15.00).

Работнички (скор 10-5) го брани 4. место на табелата, последното кое води во доигрувањето за титулата. Па доколку го добијат мечот со гостинките од Крива Паланка (8-7), ќе бидат поблиску до целта.   

СУПЕРЛИГА – ЖЕНИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.30: Бадел 1862 – Вардар

https://youtu.be/eV35nlTrDRk

22.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

14.30: Струга 2009 – Баскет КАМ

15.00: Работнички – Крива Паланка

https://youtu.be/9wljsx5jYs4