25.04.2021

Потешко од очекувањата, иако резултатoт не кажува така, Баскет Кам ја совлада Струга 2009 (90:73)

4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка останува во игра за плеј-офот

Кошаркарките на Крива Паланка стигнаа до многу важна победа на гостувањето во Скопје.

РАБОТНИЧКИ – КРИВА ПАЛАНКА       42:70

Беа многу подобри од екипата на Работнички. Славеа со убедливи 28. поени вишок, и на две кола до крајот на Суперлигата останаа во игра за позицијата број 4, последната која води во доигрувањето за титулата.

По 16 одиграни кола, Работнички има скор (10-6), додека Крива Паланка е на чекор зад тој резултат, има (9-7).

Оттука ќе биде интересна разврската во последните две кола во кои екипата од Скопје има гостување во Каменица, кај Баскет КАМ и дуел на домашен терен против екипата на Вардар.

Од друга страна пак екипата од Крива Паланка во следниот круг од натпреварите на домашен терен го дочекува лидерот Бадел 1862,  додека во последното коло гостува во Струга.

Инаку, во вториот одложен меч од ова четвртто коло, екипата а баскет Кам потешко од очекувањата го скрши отпорот на Струга 2009. Славеше фаворитот со многу подобра игра во второто полувреме

СТРУГА 2009 – БАСКЕТ КАМ      73:90

Во првиот дел од играта стружанки најдоа начин како да ја сопрат Митрашиновиќ. Имаа егал скор, односно минимално водство по првите 20.минути (43:42).

Но во второто полувреме „се појави“ Ивана Кметовска. Делуваше незапирливо македонската репрезентативка за домашниот тим.  Го донесе посакуваниот пресврт во резултатот во второто полувреме.

Застана на бројка од 34. поени (16/21 во шутот за два поени), 11. скока и 2.асистенции, додека она што го пропушти во првиот дел, Митрашиновиќ го поправи во продолжението од играта. Дојде до своите стандардни бројки,  31.поен (6/16 од поле и 17/20 од линијата за слободни фрлања), на кои додаде и 11.скока, 6.асистенции, но и 5.загубени топки.

Кај Струга 2009 доста добро издание на двоецот Спајиќ (23.поени)-Лаковиќ (19. поени и 13.скока), а добра помош добија од младата Модева (12.поени и 5. скока).

Со овој пораз стружанки се простија од шансите за плеј-офот.