26.11.2020

Чаир 2030 ја совлада Хераклеа (84:80) и остана со максимален ефект на Западот

4. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА МАЖИ: Дербито за чаирчани, Ангели и Борец Баскет максимално!

По четири одиграни кола две екипи во групата Запад од Втората лига останаа со ореолот – непобедени.

Кошаркарите на Чаир 2030 ја искористија предноста на домашниот терен, и го добија дуелот на непоразените. Против битолска Хераклеа славеа со (84:80), и го задржаа максималниот скор. Имаат четири победи во исто толку натпревари.

Три победи и еден неодигран натпревар во четири кола има екипата на Тетекс ТТК. В оова коло тетовци беа за 20.поени подобри од екипата на Риниа (87:67).

Многу возбудлива стана трката на Истокот, каде две екипи веќе се наметнуваат како фаворитски и според резултатите.

Голема победа реализираа кошаркарите на Борец Баскет на гостувањето кај Струмица (73:69). Победа број 4 за клубот од Велес.

Ист број на успеси имаат и кошаркарите на Ангели, кои без особени проблеми го совладаа Куманово 2 со (96:74).

Во ова коло убедлива победа однесе Шкупи на гостувањето кај Ролинг 08 (110:61). До бројката од 110 реализации стигнаа и кошаркарите на Охрид на гостувањето во Неготино, против Спорт Тим (110:45).

Преку „стотката“ во ова некомплетно 4. коло, беа и кошаркарите на Партизан Водно Санс во мечот со  прилепски Мега Баскет (101:50).

Денеска ќе се одиграат уште два натпревари. Од 16.часот КАМ Баскет го дочекува Про Баскет, а од 19.30 часот, во Битола, играат Пелистер Медика Карта и скопска Спарта.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ИСТОК

Ролинг 08 – Шкупи          61:110

Ангели – Куманово 2      96:74

Струмица – Борец Баскет          69:73

ДЕНЕСКА: 

16.00: Баскет КАМ - Пробаскет

Феникс 2010 – МКК Куманово одложено

ТАБЕЛА: Борец Баскет 8, Ангели 8, Шкупи 5, Феникс 2010 5 (-1), Струмица 5, Куманово-2 4 (-1), Ролинг 08 4, Про Баскет 3 (-2), Баскет КАМ 2 (-2), МКК Куманово 1 (-2)

ЗАПАД

Чаир 2030 – Хераклеа     84:80

Партизан Водно Санс – Мега Баскет 101:50

Спорт Тим – Охрид          45:110

Тетекс ТТК – Риниа           87:67

ДЕНЕСКА:

19.30: Пелистер Медика Карта – Спарта

ТАБЕЛА: Чаир 2030 8, Хераклеа 7, Охрид 6, Тетекс ТТК 6 (-1), Партизан Водно Санс 5 (-1), Риниа 5, Мега Баскет 5, Спарта 4 (-1), Пелистер Медика Карта 4 (-1), Спорт Тим 4