25.11.2020

Битолчани денеска му гостуваат на Чаир 2030, а велешани на Струмица...

4. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА МАЖИ: Хераклеа на сериозен тест во Чаир, Борец Баскет во Струмица

 

За разлика од прволигашите, кои поради настапот на нашата најдобра селекција во квалификациите за ЕП 2022 година, паузираат, денеска и утре ќе се одигра вонредното 4. коло од Втората лига.

А четирите екипи кои имаат максимален ефект по три одиграни натпревари ќе имаат нови предизвици.

Најинтересен се очекува да биде дуелот во Чаир, каде од 13.часот, гостува битолска Хераклеа во дуелот на двете непоразени екипи од западната конференција.  

На Истокот, тоа е дуелот во кој од 19.часот, Струмица го пречекува велешки Борец Баскет, уште една екипа која е без пораз по три одиграни кола. Онаа четврттата, екипата на Ангели во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, од 17.30 часот, го пречекува „вториот тим“ на Куманово. Секако со желба да се продолжи оној победнички тренд од почетокот на новата сезона во која екипата од Драчево е еден од главните кандидати за место кое води во Првата лига.

 ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

ИСТОК

ДЕНЕСКА:

16.00: Ролинг 08 – Шкупи

17.30: Ангели – Куманово 2

19.00: Струмица – Борец Баскет

ЧЕТВРТОК:

16.00. Баскет КАМ - Пробаскет

Феникс 2010 – МКК Куманово одложено

 

ЗАПАД

ДЕНЕСКА:

13.00: Чаир 2030 – Хераклеа

16.00: Партизан Водно Санс – Мега Баскет

17.00: Спорт Тим – Охрид

18.00: Тетекс ТТК - Риниа

ЧЕТВРТОК:

19.30: Пелистер Медика Карта - Спарта