„Коцкастите“ беа сигурни и на вториот меч од „балонот“ во Истанбул. Лесно ја совладаа Шведска (87:72), нивна четвртта победа во исто толку натпревари. И заверка на билетот за Евробаскетот, како најдобра од групата „Д“. Доста „отворена“ ако се знае дека Турција се „врати во живо“ по тесниот триумф над Холандија (73:71), што е нивна прва победа во квалификациите.
Многу блиску до настап на Европското првенство сега е селекцијата на Данска.
Данците имаа(т) феноменални денови во Вилнус. Откако ја совладаа Литванија, денеска за еден поен беа подобри и од Чешка (91:90). Сега се на скор (2-2) во групата „Ц“. Друштво во кое Белгија (сега со ефект 3-1) испушти прва шанса веќе да биде дел од најголемиот европски кошаркарски собир во 2022.
Литванија конечно заигра согласно со своето реноме, и дојде до победа (84:71) доволно за половичен ефект (2-2) по четири одиграни кола од квалификациите.
Во групата „Г“ улогата на фаворит на турнирот во По ја потврди Франција, Со сигурна игра и победа над Германија (86:74), го превзема лидерското место (скор 3-1).
Голем кикс на патот кој европскиот шампионат направи Црна Гора, која влезе во „минус“ од 15.поени во дуелот со Велика Британија, па расплетот во оваа конкуренција ќе следува на следниот турнир, во февруари, 2022 година.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
ГРУПА Ц
Данска – Чешка 91:90
Литванија – Белгија 84:71
ТАБЕЛА: Белгија 7, Литванија 6, Данска 6, Чешка 5
ГРУПА Д
Холандија – Турција 71:73
Шведска – Хрватска 72:87
ТАБЕЛА: Хрватска 8, Холандија 6, Турција 5, Шведска 5
ГРУПА Ф
Австрија - Словенија 64:77
Украина – Унгарија одл.
ТАБЕЛА: Словенија 7, Унгарија 4 (-2), Украина 4 (-1), Австрија 3 (-1)
ГРУПА Г
Франција – Германија 86:74
В. Британија – Црна Гора 74:59
ТАБЕЛА: Франција 7, Црна Гора 6, В Британија 6, Германија 5
ГРУПА Х
Бугарија – Грција78:84
БиХ – Летонија 79:73
ТАБЕЛА: БиХ 7, Грција 7, Бугарија 5, Летонија 5