Петтото првенствено коло ќе биде распоредено во неколку дена. Стартуваше синоќа, со градскиот дуел во Аеродром, а ќе продолчи вечерва. И тоа со одигруавње на три натпревари.
(сабота,17.30): КОЖУВ – ФЕНИКС 2010
Ова е идеална шанса за екипата на Кожув да стигне до првиот првенствен тирумф во новата сезона. „Идеална“ од причина што гевгеличани играат со екипа новак во прволигашката конкуренција. Но далеку од тоа дека така ќе биде на теренот, ако се знае дека Феникс 2010 веќе изненади позитивно. Направи две победи во четири натпревари.
Ново име во редовите на „црвено-белите“ е искусниот бек Еди Синадиновиќ, што значи дека предната линија во која го имаат Чез Вилијамс ќе биде уште подзасилена. Прашање е дали во игра ќе биде Предраг Пајиќ, кој имаше проблеми со скочниот зглоб во изминатите неколку дена.
(сабота,18.00): РАБОТНИЧКИ – ТФТ (МРТ)
„Дербито на Кале“, така некако може да се опише дуелот кој ќе биде пренесуван на програмите на МРТ кој се игра во „храмот на кошарката“.
Натпревар во кој најтрофејниот го очекува со „хендикеп“ односно впечатоци од слабото издание минатиот викенд во Гостивар, а „црно-белите“ по првата загуба во БИБЛ лигата (на домашен терен од Академик Пловдив).
„Мора да заборавиме на пна што беше, да го оставиме зад нас, затоа што нема многу време за ‘плачење’. Оваа недела се посветивме на напорна работа, поправка на грешките евидентирани на средбата со Гостивар. Играме против екипа која негува еден агресивен стил на игра, со многу трчање, лесни, брзи поени. Треба да ја запреме таа нивна игра, да ја ‘смириме’ што се вели. Да го симнеме нивниот просек на дадени поени. Ако тоа го реализираме, ќе сме поблиску до целта коај се граничи со победа“ – вели Тони Симиќ пред вечерашната пресметка.
„Натпревар против екипата на Работнички кој носи посебно доживување, имајќи в предвид дека играме против еден од најголемите кошаркарски брендови во Македонија. Епитетот 'дерби' натпревар е само дополнителна сатисфакција за нашиот млад клуб, досегашната работа и постигнатите резултати. Сигурен сум дека и ќе го оправдаме овој епитет со приказ на добра и модерна кошарка. Подготовките беа базирани на психолошки и тактички план, и би рекол дека сме подготвени за предизвикот Работнички и се надевам да позитивен резултат на крајот“- смета тренерот на „гостинската“ екипа, Боро Смилковски.
(сабота,18.30): АНГЕЛИ – ГОСТИВАР
Сигурно е дека кошаркарите и стручниот штаб на Ангели сеуште ги боли оној тежок пораз во дуелот со уште еден дебитант во Првата лига, но со мислите мора да се усмерат кон вечерашната средба на домашен терен во која им гостува Гостивар. Екипа која по стартниот неуспех „спои“ три победи, најголемата во минатото коло кога беше „симнат“ дотогашниот ко-лидер во шампионатот, Работнички.
Гостиварци важат за фаворити на овој меч, но тоа ќе треба да го потврдат на паркетот во салата „Независна Македонија“ во Скопје.
Инаку, во недела од 19.30 часот, во Кавадарци ќе играат Еуро Никел 2005 и лидеот во првенството, Пелистер. Колото ќе биде затворено во понеделник, со средбата Куманово – Навико Академија ФМП, своевидна „реприза“ на нивната пресметка во Балканската лига.
Стартува од 19.часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
ДЕНЕСКА:
17.30: КОЖУВ – ФЕНИКС 2010
Сала „26.април“ – Гевгелија
https://youtu.be/uSxreHAoySw
18.00: РАБОТНИЧКИ – ТФТ (МРТ)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/l5t5Ar3wmRg
18.30: АНГЕЛИ – ГОСТИВАР
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/CuJNisSOw4s
31.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
19.30: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
https://youtu.be/dp14T8KGc8Q
1.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
19.00: КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/CPD-pHN0kJ8
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 76:99