Иако уште во раната фаза од дуелот во „Јасмин“ влегоа во двоцифрена негатива, тоа не им посмета на кошаркарите на Пелистер да го оддржат стонастотниот ефект во првенството.
Имаат пет победи во исто толку мечеви, за место број 1 во уводниот дел од сезоната.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР 85:90
Одличен почеток имаа кавадарчани. За нецели осум минути направија двоцифрена предност (17:7), а нешто потоа, предводени од поентерски расположенипт Ѓекиќ (стрелец на 12.поени), имаа и уште поубедливи (23:9), за тој прв дел од играта во салата „Јасмин“ заврши со десет поени плус за Еуро Никел 2005 (23:13).
Имаа криза во првите три и пол минути од втората четвртина (не постигнаа поени) што битолчани ја искористија да се приближат, пред сè, резултатски. По тројката на Стајиќ беше „само“ (37:32) за домаќините. Но Ѓекиќ и Томиќ, со две тројки по ред, го одбија тој напад на битолчани, а Соколов ја врати двоцифрената предност на (40:30).
Но во финалните две минути, лидерот „спои“ осум поени, по една тројка од Трајковски и Караџовски, доволно да има достижни (38:43) на полувремето.
Она што го најавија во втората, гостите го реализираа во првите минути од третата четвртина.
Го преземаа водството...
Со серија од (10-3) во три и пол минути, поведоа со (48:46). И ја добија таа четвртина по која водеа со нешто повисоки (67:63).
Имаа и (71:65), но со серијата од шест поени, Еуро Никел 2005 (играше без повредениот Самарџиски) со тројката на Ѓекиќ (негов 18.поен), стигна до нерешени (71:71) на шест минути до крајот.
Корисен се покажа тајм- аутото на Марјан Илиевски затоа што „пелистерци“ одговорија со шест поени, и го вратија водството (77:71). Одново има аи плус 10 (84:74), кое кавадарчани не успеаја да го стигнат.
Беа особено блиску да го направат тоа откако Калахан со „три плис еден“ игра ги доближи на еден поен негатива (85:86). Имаше доста време за игра - цели 44 секунди, во кои по положувањето на Младеновиќ, во следниот напад, својата претходна грешка, со офанзивен скок, ја исправи Кесар, и ги симна дилемите. Кавадарчани не успеаја да го симнат составот од Битола од првата позиција на табелата. Вицешампионот останува на само една победа во пет одиграни натпревари.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
КОЖУВ – ФЕНИКС 2010 91:83
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 105:92
АНГЕЛИ – ГОСТИВАР 64:77
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 76:99
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР 85:90
1.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
19.00: КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/CPD-pHN0kJ8