Кошаркарите на Кожув ја забележаа првата победа во новата сезона од Првата лига. Требаше да поминат пет првенствени кола да дојдат до такво нешти.
Вечерва, на свој терен беа подобри од дебитантот во друштвото на најдобрите,
КОЖУВ – ФЕНИКС 2010 91:83
Иако гостите од Скопје го добија првиот период од играта, сето останато, особено наредните две четвртини, беше во знакот на домашната екипа.
Во втората четвртина Кожув одигра многу поефикасно. Реализираа дури 31.поен, со кој направија пресврт во играта, поведоа со (49:42).
Но не се задоволија со тоа. Притисна првата и ударна петорка на Кожув уште повеќе, и избраниците на Павле Николов по одморот „побегнаа“ на уште повисоки (73:54).
Но со одлични (19-10) во нецели пет минути, Феникс 2010 намали на само десет поени од негативата (73:83), со што гостите најавија дека немаат намера да се предадат пред натпреварот да биде завршен.
Имаа домаќините одлични 50% во шутот за три поени. Погодија дури 14. тројки, што беше основна причина за првата победа во сезоната.
Чез Вилијамс финишираше со 25. поени, Николовски имаше 19 , а Симоновски уште 15. поени. Битни десет поени дојдоа од Илија Колев.
Во гостинската екипа, исто така една петорка со двоен број на поени, Морган и Џонс финишитаа со 18, а Митревски имаше уште 17. поени