29.10.2021

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до четвртата победа во низа во Првата лига, убедливо го совладаа МЗТ Скопје Уни Банка (99:76).

5. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ:Искуството пред младоста на МЗТ Скопје

Неизвесноста во пресметката на двата тима од Аеродром траеше само во првата четвртина, по што поискусните уфрлија во четврта брзина и брзо обезбедија двоцифрена предност (31-20), која потоа умешно ја одржуваа до самиот крај.

МЗТ СКОПЈЕ НИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       76:99

„Сино-белите“ таленти се трудеа да се вратат во игра, но освен повремени блесоци, во останатиот дел од мечот доминираа играчите од првиот тим.

Немања Милошевиќ со 26 поени и 10 скока и Роберт Рикиќ со 17 поени и 12 скока беа најдобрите кај МЗТ Скопје, додека Максим Митевски со 19 и Михаил Наумоски со 16 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје УНИ Банка.