Паузата која ја „предизвика“ настапот на нашата женска сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2023, беше прекината со одигрувањето на 5. првенствено коло во Првата „А“ лига.
А распоредот во шампионатот во овој од натпреварите го донесе дерби-дуелот помеѓу бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам и Вардар, една од двете екипи која во првите четири кола имаше максимален учинок.
Славеше гостинската екипа, со повеќе од убедливи (96:58), за скор (4-1) и делба на позицијата број 2 на која е уште и екипата на Струга 2009 која во ова коло беше подобра од Крива Паланка (70:54).
„Киксот“ на „вардарки“ го искористија кошаркарките на Бадел 1862 кои со сигурниот триумф против МЗТ Скопје Аердром (73:47), останува единствената екипа со максимален скор – пет победи во пет натпревари.
Првата победа ја реализираа кошаркарките на Работнички кои во доста интересен меч ја совладаа екипата на Пробаскет (78:62).
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Работнички – Пробаскет 78:62
Струга 2009 – Крива Паланка 70:54
МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862 47:73
Вардар – Баскет Кам 2011 58:96
ТАБЕЛА: Бадел 1862 10, Баскет Кам 2011 9, Струга 2009 9, Вардар 9, Крива Паланка 7, Работнички 6, Пробаскет 5, МЗТ Скопје Аеродром 5
ИДНО КОЛО (20/21.11)
Пробаскет – Крива Паланка
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Баскет Кам 2011 – Струга 2009
Бадел 1862 - Вардар