28.04.2021

Во овој момент, Крива Паланка не е конкуренција за „баделки“ (67:89)

5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: И петта победа за Бадел 1862 во серија!

Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа и до петтата победа по ред во Суперлигата. Беа подобри од Крива Паланка и на гостински терен

КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ 1862          67:89

Новата победа „сино-жолтите“ ја најавија уште по првите десет минути во кои стигнаа до двоцифрено водство (29:18). По израмнетата втора четвртина во која додадоа уште три поени плус (50:36), дилемите беа тргнати по три одиграни четвртини (71:47).

Фаворитот дополнително го зголеми водството.

Уште еднаш во оваа сезона, во најголем дел од мечот, Бадел 1862 играше со една, ама ударна петорка. Првите пет во изборот на тренерот Перо Стамески завршија со најмалку десет постигнати поени.

Димова броеше до 20 поени, Стојановска 18, Лазареска15, Максимовска 12, а Трајчевска уште 11. поени.

На другата страна, во составот на Крива Паланка, Алексовска даде 20.поени, Марјановиќ 16, Петревска 13, а Ѓорѓиевска 10. поени.

Бадел 1862 останува лидер на табелата, а во последното 6.коло од втората фаза во директен дуел со Баскет КАМ ќе одлучат кој ќе ја има првата стартна позиција во плеј-офот.

За Крива Паланка останува уште една прилика да биде дел од доигрувањето.

Предусловот е Работнички утре да загуби во дуелот со Баскет Кам во Каменица, а во последното коло да бидат подобри од Струга 2009 на гостински терен, и да чекаат уште една загуба на Работнички (во дуелот со Вардар).