28.04.2021

„Вардарки“ славеа убедлив триумф против Струга 2009 (83:59)

5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Вардар ја потврди позицијата „3“ пред почетокот на плеј-офот

Кошаркарките на Вардар ќе бидат дел од плеј-офот во женска конкуренција. А во трката за шампионскиот трофеј ќе тргнат од третата стартна позиција.

Го потврдија тоа девојките во „црвено-црна“ комбинација и со денешната убедлива победа над Струга 2009.

ВАРДАР – СТРУГА 2009   83:59

За триумф во дуелот со последнопласираната екипа во Суперлигата, на домашните кошаркарки им беа потребни две добро одиграни четвртини.

Во овој случај, или поконкретно, првата и третата во која збирно направија разлика од 21. поен.

Откако ја добија првата четвртина со (27:19), дуелот „Под Кале“ беше израмнет во вториот период во кој двете екипи си поделија по 14.поени, па на полувремето Вардар водеше со (41:33).

Но тоа не ги задоволи нивните апетити, па по одморот, одиграа и најдобро. Во тие 10 минути парцијално направија скор (24:11), со кој ја потврдија новата победа во овој суперлигашки дел од сезоната.

Во последното, шесто коло кое ќе се игра на 4. мај, Вардар ќе му гостува на Работнички, додека стружанки ги чека дуел на домашен терен против екипата на Крива Паланка.