Иако потешко од очекувањата, лидерот во Втората лига, екипата на Чаир 2030 стигна до уште еден триумф во новата сезона. Во петтиот круг од натпреварите, чаирчани беа подобри и од екипата на Црн Дрим. Против довчерашниот прволигаш, на крајот славеа со сигурни (98:87).
За задржување на максималниот ефект, пет натпревари-пет победи.
Веднаш зад нивниот е скорот на новакот во оваа конкуренција, екипата на Соколи 1933. Штипјани стигнаа до голема победа на гостувањето „Под Кале“. Со кош во последната секунда го шокираа и победија Вардар (81:79). За одлични (4-1), и високо второ место на табелата, и чекор понапред во однос на конкуренцијата која ја сочинуваат Баскет КАМ, Вардар, Струмица и Партизан Водно Санс (сите со скор 3-2).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Хераклеа – Баскет КАМ 63:88
Вардар – Соколи 1933 79:81
Шкупи – Партизан Водно Санс 97:100
Чаир 2030 – Црн Дрим 98:87
ГКК Охрид – Тетекс ТТК 86:74
Струмица – Борец Баскет 92:88
ТАБЕЛА: Чаир 2003 10, Соколи 1933 9, Баскет КАМ 8, Вардар 8, Струмица 8, Партизан Водно Санс 8, Шкупи 7, ГКК Охрид 7, Борец Баскет 6, Црн Дрим 6, Хераклеа 6, Тетекс ТТК 6;
ИДНО КОЛО (13.11)
Соколи 1933 – Шкупи
Борец Баскет – Тетекс ТТК
Партизан Водно Санс – Хераклеа
Баскет Кам – Чаир 2030
Струмица – Вардар
Црн Дрим – ГКК Охрид