30.11.2020

Во дербито на колото, Ангели убедлив против ослабениот Борец Баскет (83:56), а Чаир 2030 со Спарта (83:69) за максимални пет победи

5. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА МАЖИ: Ангели и Чаир 2030, одлични - 5!

Требаше да биде дерби, барем според изгледот на табелата. Но дуелот во „Независна Македонија“ покажа дека во овој момент екипата на Ангели е подобра од Борец Баскет.

Екипата која ја предводи тренерот Горан Ѓорѓиевски славеше убедлив триумф (83:56), кој ги остава „ангелите“ на максимален ефект, и прво место на табелата со максимални пет победи, во исто толку натпревари.

Пет победи во пет натпревари, но во западната група имаат кошаркарите на Чаир 2030. Во ова коло чаирчани беа подобри од екипата на Спарта (83:69). Победа со која ја задржаа предност во однос на Хераклеа која пак излезе како победник во најинтересниот меч во овој круг. Против екипата на Тетекс ТТК, битолчани славеа со минимални (62:60), доволни за прв пораз на тетовци од почетокот на оваа сезона во Втората лига.

Во победнички ритам се и екипите на Шкупи и на Феникс 2010. Со минимални (76:74), втората екипа од Чаир го совлада Баскет КАМ, додека пак Феникс 2010 без проблеми го победи вториот тим на Куманово (78:49).

На останатите мечеви од Западот, и две „стотки“. Ги реализираа кошаркарите на Охрид во дуелот со Пелистер Медика Карта (105:88), и екипата на Партизан Водно Санс против Риниа (102:73).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

ИСТОК

Про Баскет – Струмица  58:64

МКК Куманово – Ролинг 08      92:71

Куманово 2 – Феникс 2010       49:78

Ангели - Борец Баскет    83:56

Шкупи – Баскет КАМ       76:74

ТАБЕЛА: Ангели 10, Борец Баскет 9, Шкупи 7, Феникс 2010 7 (-1), Струмица 7, Баскет КАМ 5, Куманово-2 5 (-1), Про Баскет 5, Ролинг 08 5, МКК Куманово 3 (-2)

ИДНО КОЛО (02.12)

Феникс 2010 – Ролинг 08

Баскет КАМ – МКК Куманово

Струмица – Шкупи

Ангели – Пробаскет

Куманово 2 – Борец Баскет

ЗАПАД

Хераклеа – Тетекс ТТК    62:60

Охрид – Пелистер Медика Карта       105:88

Спарта – Чаир 2030         69:83

Мега Баскет – Спорт Тим           96:52

Риниа – Партизан Водно Санс 73:102

ТАБЕЛА: Чаир 2030 10, Хераклеа 9, Охрид 8, Партизан Водно Санс 7 (-1), Тетекс ТТК 7 (-1), Пелистер Медика Карта 7, Спарта 6, Риниа 6, Мега Баскет 7, Спорт Тим 5

ИДНО КОЛО (02.12)

Спорт Тим – Пелистер Медика Карта

Чаир 2030 – Охрид

Тетекс ТТК – Спарта

Партизан Водно Санс – Хераклеа

Мега Баскет - Риниа