28.11.2020

По дуелот во Скопје, само една екипа во групата Исток ќе биде со максимален број на бодови

5. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА МАЖИ: Борец Баскет или Ангели, прашање е сега?

Ангели или Борец Баскет, тоа се двете екипи кои денеска во меѓусебна пресметка, закажана од 17.30 часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ќе одлучат која од нив е подобра, барем во овој момент. И двете засега имаат максимален ефект, па извесно е дека овој меч ќе биде во вистинска смисла на зборот – дерби на колото број 5, а веројатно и на првиот дел од сезоната во Втората лига.

На другата, западната страна, уште еден исклучително интересен меч, оној во Битола, каде Хераклеа го пречекува досега непоразениот состав на Тетекс ТТК (тетовци имаат и еден неодигран натпревар).

Во минатото коло, битолчани загубија од Чаир 2030, па сега ќе имаат уште една нималку лесна задача, да се рехабилитираат за првиот неуспех во сезоната.

Третата  екипа која нема пораз во досегашниот дел од групата Запад, Чаир 2030, од 14.30 часот има гостување кај Спарта

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 5. КОЛО

ИСТОК

ДЕНЕСКА:

13.30: Про Баскет – Струмица

13.30: МКК Куманово – Ролинг 08

16.00: Куманово 2 – Феникс 2010

17.30: Ангели - Борец Баскет

17.00: Шкупи – Баскет КАМ

ТАБЕЛА: Борец Баскет 8, Ангели 8, Шкупи 5, Феникс 2010 5 (-1), Струмица 5, Баскет КАМ 4, Куманово-2 4 (-1), Про Баскет 4, Ролинг 08 4, МКК Куманово 1 (-2)

ЗАПАД

ДЕНЕСКА:

13.00: Хераклеа – Тетекс ТТК

14.00: Охрид – Пелистер Медика Карта

14.30: Спарта – Чаир 2030

17.00: Мега Баскет – Спорт Тим

17.30: Риниа – Партизан Водно Санс

ТАБЕЛА: Чаир 2030 8, Хераклеа 7, Охрид 6, Тетекс ТТК 6 (-1), Пелистер Медика Карта 6, Партизан Водно Санс 5 (-1), Спарта 5, Риниа 5, Мега Баскет 5, Спорт Тим 4