28.03.2022

На две кола пред крајот на регуларниот дел, водечките екипи запишаа уште по една победа

5.КОЛО - „ОРОЛОЏО“ - ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Иста мета – исто растојание

Екипите на Бадел 1862 и на Баскет Кам 2011 ја продолжуваат трката за првата позиција на табелата. Но „предизвикувачот“ и актуелен лидер, екипата на Бадел 1862 останува на чекор пред актуелниот бранител на титулата и актуелен освојувач на Купот, Баскет кам 2011.

Екипата од Македонска Каменица имаше нешто потешка задача на гостувањето во Струга, но го реализираше натпреварот со сигурен триумф од (74:60).  Од друга страна пак, „баделки“ без особени напори излегоа како победници во средбата со Крива Паланка (91:68).

На третиот меч од ова 5. коло од „Оролоџото“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром беше многу подобра од Пробаскет (83:47).

Многу поголема неизвесност има во Првата „Б“ лига. Ја „прават“ екипите на Трокал и на Гризли, кои извесно е, ќе спорат за првото место до последен момент, односно последното коло.

Во ова, Гризли излезе лесно на крај со Мега Баскет (77:16), додека пак Трокал во ист стил го „помина“ штипски Тим Арена (70:34).

Пред последното коло, новакот во оваа конкуренција, екипата на Гризли има предност во однос на составот од Кавадарци поради подобриот скор во двата меѓусебни натпревари. И ќе им биде потребен триумф против Патриот за да обезбедат место во погорниот, поточно, поквалитетниот ранг на натпреварување.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО - ОРОЛОЏО

Струга 2009 – Баскет КАМ         60:74

Бадел 1862 – Крива Паланка   91:68

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет   83:47

Вардар - слободен

ТАБЕЛА: Бадел 1862 33, Баскет КАМ 2011 32, Вардар 27, Крива Паланка 22, Струга 2009 21, МЗТ Скопје Аеродром 20, Пробаскет 16;

ИДНО КОЛО (30.03)

Вардар – Бадел 1862

Пробаскет – Струга 2009

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

Баскет Кам 2011 – слободен

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО

Трокал – Тим Арена         70:34

Гризли – Мега Баскет      77:16

ЖКК Куманово – Патриот 2016           19:72

Гостивар – Шкупи 49:67

Риниа - слободна

ТАБЕЛА: Трокал 28, Гризли 28, Патриот 2016 27, Шкупи 24, Тим Арена 23, Гостивар 2009 22, ЖКК Куманово 2020 19, Риниа 16, Мега Баскет 15;

ИДНО КОЛО (02.04)

Гостивар – Тим Арена

Куманово – Шкупи

Гризли – Патриот 2016

Трокал - Риниа

Мега Баскет - слободен