01.11.2021

Во „реприза“ на балканската пресметка, нова победа за тимот од Кисела Вода (77:74)

5.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП по втор пат подобар од Куманово 2009

За многу кратко време двете екипи одиграа уште еден натпревар. По оној во БИБЛ лигата, вечерва беше мечот од 5. коло од Првата лига. И уште еднаш победата од Куманово ја однесе Навико Академија ФМП.

КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП       74:77

Кумановци имаа далеку подобар почеток во однос на ривалот од Скопје. Во деветтата минута поведоа со двоцифрена предност (25:15), а првито период го затворија со (27:20).

Во вториот период, многу подобра игра на гостите. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ успеаја да се доближат до тоа водство на Куманово 2009, но не и да го достигнат (40:43).

Зивчевиќ и Холмс реализираа по 11.поени за домашната екипа во тоа прво полувреме, додека пак на другата страна на теренот, со 14. реализирани поени се издвои Крстајиќ

Долго време го бркаа водството на противникот кошаркарите на Навико Академија ФМП. Тоа им успеа дури во 36.минита, кога Кошанин погоди уште една тројка, за солидни (69:65), откако претходно Крстајиќ му го „подготви“ тој терен за пресврт и во резултатот.

Сепак, потегот на вечерта беше резервиран за Оливер Двојаковски. Неговата тројка, на 33. секунди пред крајот, им даде големи (76:70) на гостите. Крајот не беше тука, затоа што несфатливо, направи грешка при уфрлувањето на топката во игра, а шансата за продолжение од пет минути, не ја искористи Настовски. Неговиот обид за три поени не беше прецизен, па победата, трета по ред, остана за Навико Академија ФМП каде блескаше Крстајиќ, стрелец на 31.поен (Кошанин запре на 11)

Ова беше четвртти пораз во пет одиграни натпревари за Куманово 2009, каде Холмс уфрли 20.поени, Кејлеб имаше 15, а Зивчевиќ „закочи“ на 13.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Кожув – Феникс 2010  91:83

Работнички – ТФТ         105:92

Ангели – Гостивар       64:77

МЗТ Скопје Уни Банка – МЗТ Скопје Аеродром       76:99

Еуро Никел 2005 – Пелистер           85:90

Куманово 2009 – Навико Академија ФМП     74:77

ТАБЕЛА: Пелистер 10, Гостивар 9, МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ 9, Работнички 9, Навико Академија ФМП 8, Феникс 2010 7, Еуро Никел 2005 6, МЗТ Скопје Уни Банка 6, Куманово 2009 6, Кожув 6, Ангели 5;  

ИДНО КОЛО (6.НОЕМВРИ):

Пелистер – Куманово 2009

Феникс 2010 – Гостивар

Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Кожув – Еуро Никел 2005

ТФТ - Ангели