03.11.2021

Уште во раната фаза од дербито, бранителот на трофејот направи плус од 25 поени, и го затвори со високи (87:66)

6. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички без одговор за квалитетите на „металците“

Дуелот на вечните ривали го отвори шестото коло, кое уште еднаш, поради наредните обврски на нашите претставници во АБА 2 лигата ќе биде „продолжено“, во неколку дена...

Во вториот натпревар од почетокот на новата сезона (првиот беше во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“), шампионот уште еднаш беше подобар од својот вечен опонент.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ    87:66

Работнички беше рамноправен ривал само во првите неколку минути од првата четвртина од вечното дерби во СЦ „Јане Сандански“. А како доаѓаа наредните минути, така растеше играта на „бело-сините“. Се секоја одмината минута, растеше и разликата на МЗТ Скопје Аеродром.

По десет минути, МЗТ Скопје Аеродром имаше 11.поени „вишок“, (28:17).

Во 14. минута веќе беше 15 (36:21), а една минута подоцна дотигна и највисоки (39:21), по што Тони Симиќ мораше да го потроши и својот втор „тајм-аут“ во првото полувреме. Неговиот тим одамна немаше реализација од игра.

Без успех, затоа што серијата на домашните кошаркари продолжи на (13-0) за повеќе од двојно водство (43:21). Повеќе од четири и пол минути поминаа пред гостите да поентираат, но не од игра, туку од линијата за Мустафица (од линијата за слободни фрлања). Само за момент, затоа што мотивираниот Милошевиќ постави и (50:25). На истекот на првито дел од играта, доминација на бранителот на трофејот,

МЗТ Скопје Аеродром  Работнички, (52:28)...

Ништо не се промени ниту по оние 15.минути предвидени за одмор. МЗТ Скопје Аеродром се погрижи да нема ниту „Д“ во дербито на македонската кошарка. Во 27.мкнута разликата беше плус 31 (66:35), знак за тренерот Дарко Радулоиќ во игра да ги внесе и „децата“ во екипата, како Иванов, а потоа и Спасовски...

Во овој момент МЗТ Скопје Аеродром е скалило над Работнички во квалитетот, без дискусија.

Вториот наш претставник во АБА 2 лигата, екипата на Пелистер својот меч од ова коло ќе го одигра на 5. ноември (петок), на домашен терне против екипата на Куманово 2009.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66

5.НОЕМВРИ (ПЕТОК:

18.30: Пелистер – Куманово 2009

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/MOLPmcZ1dOo

​6. НОЕМВРИ (САБОТА):

14.00: ТФТ – Ангели

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/2M-FYBFD-zQ

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/R-5m-X4GPOw

19.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/QnG_RtFPRUE

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o