22.11.2021

Шампионот Баскет Кам 2011 ја совлада Струга 2009, и се проби на втората позиција на табелата

6. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 подобар од Вардар

Без особени промени продолжуваат натпреварите во најсилната женска конкуренција и по онаа првенствена пауза која ја донесоа настапите на нашата најдобра селекција во квалификациите за Евробаскетот 2023.

Екипите кои важат како најголеми фаворити за место во плеј-офот, а потоа и битките за титулата, запишаа уште по еден успех.

Лидерот, екипата на Бадел 1862 го доби градското дерби со Вардар, на крајот со убедливи (85:69), и остана единствената непоразена екипа по шест одиграни кола.

Поразот на „вардарки“ го искоисти актуелниот бранител на титулата во оваа конкуренција. Кошаркарките на Кам Баскет 2011 славеа со убедливи (78:60) против Струга 2009, па сега се на втората позиција, веднаш зад главниот конкурент за трофеите.

Во ова коло Крива Паланка „извади“ победа на гостувањето кај Пробаскет (80:61), а прв првенствен плус запишаа и младите кошаркарки на МЗТ Скопје Аеродром кои го добија „вечното дерби“ во женска конкуренција. Беа подобри од Работнички со резултат (83:71).

Без пораз, но во групата „Б“ останува екипата на Трокал. Во 5. коло кавадарчанки делуваа доминантно на гостувањето во Куманово (84:38), и го задржаа стонастотниот учинок

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Пробаскет – Крива Паланка     61:80

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 71:83

Баскет Кам 2011 – Струга 2009           78:60

Бадел 1862 – Вардар      85:69

ТАБЕЛА: Бадел 1862 12, Баскет Кам 2011 11, Струга 2009 10, Вардар 10, Крива Паланка 9, Работнички 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Пробаскет 6;

ИДНО КОЛО (27.11)

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет

Крива Паланка – Баскет Кам 2011

Вардар – Работнички

Струга 2009 – Бадел 1862

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Патриот 2016 – Тим Арена        72:41

Шкупи – Мега Баскет      107:23

Гостивар – Риниа  65:26

Куманово – Трокал          38:84

Гризли - слободен

ТАБЕЛА: Трокал 10, Тим Арена 8, Патриот 2016 7, Гризли 7, Гостивар 2009 7, Шкупи 6, Риниа 5, Мега Баскет 5, ЖКК Куманово 2020 4;

ИДНО КОЛО (27.11)

Трокал – Гризли

Риниа – ЖКК Куманово

Мега Баскет – Гостивар

Патриот 2016 - Шкупи

Тим Арена – слободен