21.12.2020

Екипата од Македонска Каменица дојде и до третиот триумф во сезоната

6. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам се изедначи со Вардар

Присуството на коронавирусот предизвика сериозни проблеми и во календарот за натпреварување во Првата лига-жени

Оттука, само два од предвидените шест натпревари се одиграа овој викенд во женска сениорска конкуренција.

Важна победа која ги носи на делбата на првата позиција во групата Исток, забележаа кошаркарките на Баскет Кам. Беа доста подобри од МЗТ Скопје Аеродром, славеа со убедливи (87:65), за максимален ефект. Три победи во три натпревари, скор кој што претходно го има(ше) и екипата на Вардар.

Веднаш зад водечкиот двоец се кошаркарките на Крива Паланка кои во овој шести круг од натпреварите беа пресилни за новакот во ова друштво, КК Куманово (114:37). За ефект од две победи еден пораз во досега одиграните мечеви во Првата лига.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

ИСТОК

Баскет Кам – ЖКК МЗТ Скопје Аеродром  87:65

Крива Паланка – ЖКК Куманово        114:37

Вардар – слободен

Пробаскет - слободен

ТАБЕЛА: Вардар 6, Баскет Кам 6, Крива Паланка 5, ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 5, Пробаскет 4, ЖКК Куманово 4

ИДНО КОЛО (26.12)

ЖКК Куманово – Вардар

Пробаскет – Крива Паланка

Баскет Кам – слободен

ЖКК МЗТ Скопје Аеродром - слободен

ЗАПАД

Трокал – ЖКК Работнички        одл.

Гостивар 2009 – Пантери           одл.

Бадел 1862 – ЖКК Шкупи          одл.

ТАБЕЛА: Бадел 1862 4, Трокал 4, ЖКК Шкупи 3, Струга 2009 2, Пантери 1, ЖКК Работнички 1, Гостивар 2009 0

ИДНО КОЛО (26.12)

Пантери – Трокал

Шкупи - Гостивар 2009

Струга 2009 – Бадел 1862

Работнички - слободен