Иако се екипа зад која се најголем број на мечеви од почетокот на новата сезона, тоа не им посмета на кошаркарите на ТФТ да стигнат од уште еден триумф.
Во првиот натпревар од шестиот круг на натпреварите во нашата Прва лига, „црно-белите“ беа подобра екипа од онаа на Вардар, за која дуелот во малата сала под „Кале“ беше само првиот испит во сезоната.
ВАРДАР – ТФТ 99:100
„Вардарци“ за кои ова беа првите 40.минути во новата сезона од Првата лига, добро се држеа. Се до 16.минута, кога имаа водство, макар и минимално, (34:33).
Но во последните четири минути од првото полувреме, ТФТ покажа дека добрите резултати не се случајност. Во тој дел од играта „црно-белите“ направија (18-8) за солидна предност на одморот (51:42).
Уште еднаш, по голема заслуга на триото Херис-Андерсон-Хортон кои искомбинораа 41.од крајните 51. поени во првите 20.минути од играта.
Во продолжението, ТФТ имаше и предност од 12.поени (58:46), кога Нортон влезе во нпова серија на реализации. Но Вардар преку Провел и Ташовски „симна“ половина од таа негатива (57:63), во 25.минута.
Но само за момент, затоа што повторно се „активираше“ Андерсон, па разликата беше одново двоцифрена во корист на гостинската екипа, дури и уште повисока, (75:59).
По таа „најбогата“, со поени, четвртина, на двете страни, ТФТ сочува најголем дел од позитивата. Водеше со (81:69).
Слично како и во третиот дел од играта, и во оној последниот, со серија од (10-2), за две и пол минути, домашниот тим дојде на -4 (79:83). Нешто потоа таа разлика беше само два поени (84:86), пред Андерсон да погоди тројка, и го одбие тој вардаров напад (89:84).
Но Провел беше „човекот за се“ во домашната екипа. И тој погоди од истото растојание (негов 29.поен), па последните три и „нешто“ минути се претворија во неизвесни.
Неговата серија го донесе Вардар на „пола поен“ негатива (92:93). Со својот 38.поен, му донесе шанса на својот тим во последните 30.секунди дури и да победи. Ја искористи Ивановиќ, со тројка, за вардарово водство од (99:98).
И само 18.секунди за конечно решение, во кои прво Херис погоди две слободни фрлања, за гостинска „стотка“ (100:99), а потоа токму тој, Џуниус Провел, не погоди за победа на Вардар!
Трет плус за ТФТ во четири одиграни мечеви во досегашниот дел од Првата лига, и добра увертира пред она што им следува. „Двојната програма“ во БИБЛ лигата, која во рок од четири дена им носи два натпревари.
На 8. декември против екипата на Берое во Стара Загора, а два дена подоцна, на 10. декември, кога се среќаваат со Академик во Пловдив.