Екипата на ГКК Охрид е првата која успеа да најде решение, начин, форма, како да излезе како победник во натпреварот против екипата на Чаир 2030, една од двете непоразени во претходно одиграните пет кола од Втората лига.
Охриѓани зад кои се неколку победи по ред, стигнаа до можеби и најважната во досегашниот дел од натпреварувањето. На гостински терен, во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, беа подобри од Чаир 2030, дури и двоцифрено, со (82:71).
Четвртта за нив во шест кола, која ги става на втората позиција на табелата во групата „Запад“, зад екипата која ја совладаа на гостински терен.
Затоа пак кошаркарите на Ангели не си дозволија таков „луксуз“. Дојдоа до уште еден убедлив триумф, против Пробаскет (90:54), па сега се единствените со максимален ефект по одигрувањето на некомплетното шесто коло во Втората лига.
Во таа источна конкуренција, победи и за конкурентите на Ангели во трката за највисок пласман.
Феникс 2010 без големи проблеми го победи Ролинг 08 со (86:59), додека во многу понеизвесен натпревар, Борец Баскет го најде патот до победата против Куманово 2 (85:81).
Одложени беа натпреварите во Струмица каде требаше да гостува екипата на Шкупи, како и оној во Прилеп, Мега Баскет – Риниа.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
ИСТОК
Баскет КАМ – МКК Куманово 90:54
Феникс 2010 – Ролинг 08 86:59
Ангели – Пробаскет 90:54
Куманово 2 – Борец Баскет 81:85
Струмица – Шкупи одложено
ТАБЕЛА: Ангели 12, Борец Баскет 11, Феникс 2010 9 (-1), Шкупи 7 (-2), Струмица 7 (-1), Баскет КАМ 6 (-2), Куманово-2 6 (-1), Пробаскет 6 (-1), Ролинг 08 6, МКК Куманово 4 (-3)
ЗАПАД
Спорт Тим – Пелистер Медика Карта 40:65
Чаир 2030 – ГКК Охрид 71:82
Тетекс ТТК – Спарта 81:75
ДЕНЕСКА:
15.30: Партизан Водно Санс – Хераклеа
Мега Баскет – Риниа одложено
ТАБЕЛА: Чаир 2030 11, ГКК Охрид 10, Тетекс ТТК 9 (-1), Хераклеа 9 (-1), Пелистер Медика Карта 9, Партизан Водно Санс 7 (-2), Мега Баскет 7 (-1), Спарта 7, Риниа 6 (-1), Спорт Тим 6
ФОТО: Ohridnews