15.11.2021

Со натпревар повеќе во однос на непоразениот Чаир 2030, кој во среда гостува во Македонска Каменица

6. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Штипјани се привремени лидери

ФОТО: Момент од натпреварот Партизан Водно Санс-Хераклеа

Се појасни се сигналите кои ги испраќаат кошаркарите на Соколи 1933 од почетокот на второлигашката сезона, односно намерите дека се подготвени да одат до самиот крај, односно до едно од двете места кои водат во највисокиот ранг на натпреварување.

Штипјани беа подобри од Шкупи (74:63), за петта победа во шест одиграни кола, за превземање на првото место на табелата. Макар и привремено, со оглед на тоа што лидерот, екипата на Чаир 2030 својот меч од ова 6.коло ќе го игра во среда навечер во Македонска Каменица, против Баскет Кам.

Блиску до врвот се и кошаркарите на Партизан Вдно Сас, кои викендов беа подобри од битолска Хераклеа (103:93).

Охрид ја доби езерската пресметка со Црн Дрим (70:67), додека Борец Баскет стигна до втората победа во сезоната откако беше подобар од Тетекс ТТК (72:62). 

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Соколи 1933 – Шкупи     74:63

Борец Баскет – Тетекс ТТК        72:62

Партизан Водно Санс – Хераклеа       103:83

Црн Дрим – ГКК Охрид  67:70

16.11: Струмица – Вардар

17.11: Баскет Кам – Чаир 2030

ТАБЕЛА: Соколи 1933 11, Чаир 2003 10 (-1) , Партизан Водно Санс 10, Шкупи 9, ГКК Охрид 8, Баскет Кам 8 (-1), Вардар 8 (-1), Струмица 8 (-1), Борец Баскет 8, Црн Дрим 7, Хераклеа 7, Тетекс ТТК 7;  

ИДНО КОЛО (20.11)

Хераклеа – Соколи 1933

Вардар – Борец Баскет

Шкупи – Струмица

Чаир 2030 – Партизан Водно Санс

Тетекс ТТК – Црн Дрим

Охрид – Баскет Кам