По забрзан „календар“ играат второлигашките екипи во овој уводен дел од сезоната. Ритамот „среда-сабота-среда“ продолжува, и денеска и утре го носи шестото коло од ова натпреварување.
Двете водечки екипи во оваа конкуренција, Ангели и Чаир 2030, не би требало да имаат поголеми проблеми во одбрана на позицијата број 1 во двете натпреварувачки групи.
Тоа особено се однесува за тимот од Кисела Вода, кој во улога на голем фаворит, од 17.30 часот ја пречекува екипата на Пробаскет. Пола час порано, (17.00), чаирчани пак се домаќини во дуелот со екипата на Охрид, зад која се неколку успешни игри и победи.
Интересен ќе биде и натпреварот кој се игра во четврток попладне (од 15.30 часот), во кој ќе се сретнат екипите на Партизан Водно Санс и Хераклеа.
Одложени се натпреварите во Струмица каде требаше да гостува екипата на Шкупи, како и оној во Прилеп, Мега Баскет – Риниа.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 6. КОЛО
ИСТОК
ДЕНЕСКА:
15.00: Баскет КАМ – МКК Куманово
17.00: Феникс 2010 – Ролинг 08
17.30: Ангели – Пробаскет
19.00: Куманово 2 – Борец Баскет
Струмица – Шкупи одложено
ТАБЕЛА: Ангели 10, Борец Баскет 9, Шкупи 7, Феникс 2010 7 (-1), Струмица 7, Баскет КАМ 5, Куманово-2 5 (-1), Про Баскет 5, Ролинг 08 5, МКК Куманово 3 (-2)
ЗАПАД
ДЕНЕСКА:
13.30: Спорт Тим – Пелистер Медика Карта
17.00: Чаир 2030 – Охрид
17.00: Тетекс ТТК – Спарта
ЧЕТВРТОК:
15.30: Партизан Водно Санс – Хераклеа
Мега Баскет – Риниа одложено
ТАБЕЛА: Чаир 2030 10, Хераклеа 9, Охрид 8, Партизан Водно Санс 7 (-1), Тетекс ТТК 7 (-1), Пелистер Медика Карта 7, Спарта 6, Риниа 6, Мега Баскет 7, Спорт Тим 5