16.12.2019

6. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: ТФТ и Партизан ВС остануваат со ореолот на непобедливи

Шест кола и шест победи имаат лидерите во двете второлигашки конкуренции, источното односно западната...

 

Првенствените кола одминуваат, а сликата во Втората лига останува скоро непроменета. Барем за и околу оние први места во двете конкуренции, источната, односно западната.

Две екипи резултатски се одвоија во овој прв сегмент од второлигапката конкуренција.

Беспрекорно играат кошаркарите на ТФТ во оној источен дел. А овој викенд, ниту Баскет КАМ не претставуваше сериозен противник за екипата од Тафталиџе која славеше со убедливи (86:57).

Во чекор се следени од Струмица, екипа која стигна до уште еден гостински триумф, сега против составот на Спарта во Скопје (82:77).

Само еден пораз засега има и младата екипа на Феникс 2010 која во ова коло славеше убедливо против Риниа (64:42), додека пак Шкупи беше подобар од МКК Куманово (83:67).

На Западот нешто слична ситуација...

Екипата на Партизан Водно Санс го помина тешкото гостување во Чаир. Беа подобри од Чаир 2030 со сигурни (81:70). И за разлика од ТФТ, „црно-белите“ веќе имаат две победи повеќе во однос на конкуренцијата.

Неа ја чинат Црн Дрим (4-1), екипа која во ова коло беше слободна, потоа Мега Баскет, која во ова коло го доби „пелагонискиот дуел“ со Хераклеа (85:82), за ефект (4-2),

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Шкупи – МКК Куманово         83:67
Риниа – Феникс 2010   42:64
Спарта- Струмица         77:82
ТФТ – Баскет КАМ         86:57
Борец Баскет – слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 12, Струмица 11, Феникс 2010 9, Шкупи 8, Баскет КАМ 7. Борец Баскет 7, Спарта 6, МКК Куманово 6, Риниа 6,

ИДНО КОЛО (22.12)

ТФТ – Спарта
Феникс 2010 – Баскет КАМ
МКК Куманово – Риниа
Борец Баскет - Шкупи
Струмица – слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Тетекс ТТК – Спорт Тим         86:64
Мега баскет – Хераклеа          85:82
Ангели – Албес    80:68
Чаир 2030 – Партизан Водно Санс 70:81
ТАБЕЛА: Партизан ВС 12, Мега Баскет 10, Црн Дрим 9, Ангели 8, Хераклеа 7, Чаир 2030 7, Тетекс ТТК 7, Албес 6, Спорт Тим 6

ИДНО КОЛО (22.12)

Партизан ВС – Тетекс ТТК
Албес – Чаир 2030
Хераклеа – Ангели
Црн Дрим – Мега Баскет