Ако некој мислеше дека победите против Навико Академија ФМП и Ангели се изнесување, триумфот против фаворизираниот Гостивар покажува дека тоа не е точно. Во мечот во кој имаше низа пресврти, Феникс слави трета победа во деби-сезоната
ФЕНИКС 2010 – ГОСТИВАР 87:81
За најголемо изненадување во досегашниот дел од сезоната и своја најголема победа во клупската историја.
Натпреварот во „Јане Сандански“ имаше исклучително интересен и несекојдневен тек. Првото полувреме помина во знакот на домашниот тим кој водеше и со девет разлика (41:32), а на големиот одмор замина со нешто пониски (46:40).
Третиот квартал беше, односно помина во знакот на гостите. Гостивар и не само што направи пресврт, туку му дозволи на Феникс 2010 да постигне само три поени за десет минути!!!
Гостивар направи серија од 17-0, домашниот тим немаше постигнато поени шест минути, а на крајот од тој период го достигна своето највисоко водство од 19 разлика (68:49).
Гостите ја имаа комоцијата до средината на последната четвртина кога тргна неверојатниот пресврт на „фениксовци“.
За пет минути домаќинот направи (22-7) и се доближи на (78:79), Ворку за момент го тргна притисокот, но домаќините го завршија мечот со осум поени во низа за конечен пресврт и победа.
Звучи неверојатно, но е вистинито, за напи услови, во последните десет минути Феникс 2010 постигна 38 поени.
Куртис Џонс го предводеше Феникс 2010 со 21 поен, додаде 6 скока и 7 асистенции. Кај Гостивар, прв играч беше Ворку со 27 поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО
Н. Академија ФМП – МЗТ Скопје УБ 49:30
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 87:6
Пелистер – Куманово 2009 97:71
ТФТ – Ангели 78:67
Феникс 2010 – Гостивар 87:81
Кожув – Еуро Никел 2005 86:79