06.11.2021

Кавадарчани го добија првото полувреме, но победата ја однесоа гевгеличани (86:79)

6.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув бега од кризата, го помина и Еуро Никел 2005

Кошаркарите на Кожув за многу кратко време стигнаа и до втората победа во првата лига. По усшехор против Феникс 2010, вечерва, пред својата публика во Гевгелија, избраниците на тренерот Павле Николов беа подобри и од фаворизираниот Еуро Никел 2005

КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     86:79

Гостите од Кавадарци беа подобри во првото полувреме. Уште во почетната четвртина го преземаа водството, кое не го испуштаа цели 20.минути.

На полувремето, Еуро Никел 2005 имаше сосема солидни (48:41).

Но во продолженињето, екипата од Гевгелија заигра многу подобро, и пред сè, поефикасно. Предводени од „трилингот“ Симоновски-Николовски-Вилијамс, Кожув направи комплетен пресврт. И играчки, но што е поважно, и резултатски. Поведоа гевгеличани со (69:63), и најавија дека се подготвени да стигнат до вториот успех во шест одиграни кола.

Но триото на кавадарчани, Соколов-Томиќ-Ѓекиќ се покажа како подобро од почетокот на последната четвртина. Доволно за Еуро Никел 2005 да се врати во игра за успех на ова гостување. По 33. минути и реализацијата на двете слободни фрлања на Димчевски, водеше тимот од Кавадарци (71:70).

Кавадарчани останаа во игра буквално до последната минута од играта. А потегот на вечерта му припадна на Чез Вилијамс. Бекот на Кожув погоди за три поени на 21. секунда пред крајот. Доволна неговата екипа да побегне до недостижни (86:78), и да дојде до вториот, особено важен троумф во сезоната со кој ги турна кавадарчани во долниот дел од табелата со ефект (1-5).

Вилијамс застана на ефект од 28.поени и 8.асистенции, исто толку поени донесе и Николовски (плус и 14 скока), додека Симоновски погоди пет тројки од шест обиди, доволни за 15.поени.

Кај Еуро Никел 2005, по 22 поени имаа Соколов и Томиќ (плус 10 скока), додека Ѓекиќ имаше уште 16.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

​Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка (во тек)

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66

Пелистер – Куманово 2009      97:71

ТФТ – Ангели          78:67

Кожув – Еуро Никел 2005         86:79