06.11.2021

Со четвртиот триумф по ред, сега и против МЗТ Скопје Уни Банка (84:74), „пантерите“ се искачија на делба на 4. место на табелата.

6.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП оди кон горниот дел од табелата

Четири победи по ред се зад кошаркарите на Навико Академија ФМП во Првата лига. Последна „жртва“ во серијата на „пантерите“ од Кисела Вода е МЗТ Скопје Уни Банка.

Младите „металци“ беа рамноправни само во првата четвртина, која и ја реализираа во своја корист. Но се друго беше на домашната страна која сега има ефект (4-2). Доволно за поделба на позицијата број 4, заедно со екипата на Работнички. 

Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка          84:74

Младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка беа подобар противник во првиот период од натпреварот одигран во салата „Независна Македонија“. Го добија со минимални (19:17).

Но со серија од (14-2), во нецели пет минути од втората, Навико Академија ФМП го сврте резултатот во своја корист. Водеше со двоцифрени (31:21). А до истекот на првото полувреме, таа разлика беше уште поголема, (42:28). Навико Академија ФМП го доби тој дел од играта со убедливи (25-9).

Крстајиќ даде 12, а Стојановски уште 10 од тие крајни 42. поени за домашната екипа.

Серијата од (11-2) во првите три минути од третата четвртина ги донесе домаќините на максимални (53:30). Продолжи и о (20-7) за уште поголеми и недостижни (62:35) за младиот тим од Аеродром.иако до крајот на натпреварот требаше да се доиграат скоро 14.минути. 

Дел од натпреварот во кој гостите од Аеродром успеаја да го искористат опуштањето во играта на Навико Академија ФМП и да стигнат до пристоен пораз.

Инаку, ова 6.коло ќе биде затворено со натпреварот Феникс 2010-Гостивар кој се игра утре, од 12. часот, во големата сала на Спортскиот центар„ Јане Сандански“ во Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

​Н. Академија ФМП – МЗТ Скопје УБ  84:74

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:6

Пелистер – Куманово 2009      97:71

ТФТ – Ангели          78:67

Кожув – Еуро Никел 2005         86:79

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o