05.11.2021

Вечерва во Битола (18.30 часот), гостува екипата на Куманово 2009

6.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер го брани првото место

Вечното дерби МЗТ Скопје Аеродром-Работнички беше отворање на шестото првенствено коло кое ќе биде поделено во „три дела“.

Поради обврските во АБА 2 лигата, нашиот втор претставник, екипата на Пелистер, својот натпревар од ова 6. коло, против Куманово 2009 ќе го одигра вечерва.

 (петок,18.30): Пелистер – Куманово 2009

Според изгледот на табелата, битолските „зелено-бели“ не би требало да имаат сериозни проблеми во обидите да стигнат до уште еден првенствен триумф. Кумановци се далеку од посакуваната форма, во пет кола имаат само еден успех, па вечерашниот дуел ќе биде дополнително оптоварување за „сино-белите“.

„Пелистерци“ пак ќе се обидат да сочуваат дел од енергијата која за некој ден треба да ја пренесат во Осијек, каде ги чекаат два натпревари од „балонот“ во АБА 2 лигата. Вклучително и македонското дерби, против МЗТ Скопје Аеродром, закажано за 10.ноември.

Три натпревари се играат во саботниот термин: ТФТ-Ангели, Кожув – Еуро Никел 2005 и Навико Академија ФМП-МЗТ Скопје Уни Банка. Последниот натпревар е закажан за недела, ќе играат Феникс 2010 и Гостивар.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Куманово 2009

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/MOLPmcZ1dOo

​6. НОЕМВРИ (САБОТА):

14.00: ТФТ – Ангели

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/2M-FYBFD-zQ

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/R-5m-X4GPOw

19.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/QnG_RtFPRUE

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66