05.11.2021

Го продлабочија кризниот момент во Куманово, славеа убедливи (97:71) за мирен пат кон Осијек

6.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ не попуштаат, ниту Куманово не им може ништо!

Нема „зима“ за кошаркарите на Пелистер. По шестти пат од почетокот на оваа сезона излегоа како победници во дуелите со противниците од Првата лига.

Вечерва пред нивните налети падна и Куманово 2009...

Пелистер – Куманово 2009      97:71

Ако првото полувреме делуваше доста изедначено и покрај фактот што кумановци во Битола допатуваа без помошта од тројца битни играчи како што се Зивчевиќ, Каплановиќ и Николиќ, се беше поинаку во продолжението.

Со една силна, ефикасна четвртина„ зелено-белите“ ги тргнаа сите дилеми околу тоа кој ќе биде победникот на вечерашниот натпревар. Втор од ова шестто коло од Првата лига, по вечното дерби одиграно пред некоја вечер во Аеродром.

По релативно израмнетото прво полувтеме во кое сепак, Пелистер имаше игра и водство од (45:41), битолскито „ураган“ дојде во третата четвртина. Одлични десет минути во кои домашната екипа направи (27-9) за високи, убедливи, недостижни (72:50).

За шеста победа во серија која го враќа составот од Битола на првото место на табелата со максимални (6-0) со кои е пред МЗТ Скопје Аеродром (скор 5-1). Екипата со која ќе ги одмерат силите и во „балонот“ на АБА 2 лигата кој стартува на почетокот на следната седмица во Осијек.

Дури седум кошаркари на Пелистер имаа двоен број на поени. Најмногу вкупно 22, даде Кесар. Репрезентативецот Ѓуроски дополни со 16, Трајковки, Малешевиќ имаа по 12, додека по десет поени запишаа уште и Младеновски, Караџовски и Стајиќ.

Кај гостите од Куманово кои во Битола допатуваа со само девет играчи, Холмс погоди за 19.поени, додека младиот Настовски и Кејлеб го испратија со по 16. реализации.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

Пелистер – Куманово 2009      97:71

​6. НОЕМВРИ (САБОТА):

14.00: ТФТ – Ангели

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/2M-FYBFD-zQ

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/R-5m-X4GPOw

19.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/QnG_RtFPRUE

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66