06.11.2021

Едно полувреме недоволно за Ангели, по три порази во низа, „црно-белите“ слават победа (78:67)

6.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ им се врати на победите

Екипата на ТФТ се врати на победничките патеки откако денеска, во доста интересен натпревар, стигна до победа против новакот во прволигашката конкуренција, Ангели.

ТФТ – АНГЕЛИ        78:67

Тимот од Драчево одигра одлично прво полувреме во кое речиси постојано се наоѓаше во водство. А на големиот одмор замина со минимални (28:27). Слично беше и во првата половина од третата четвртина во која гостите сеуште „се држеа“, и беа во игра за прва победа.  

Но некако се почна да се менува по серијата од (9-0) на ТФТ по која на две и пол минути пред крајот на третиот квартал, домаќинот отиде на двоцифрена предност од (55:44).

Во последниот период, црно-белите“ веќе воспоставија апсолутна доминација, направија и +16 (75-59) и мирно го приведо натпреварот кон крајот.

Александар Костоски со 21 поен беше прв стрелец во победничката екипа, а Хортон оствари дабл-дабл со 18 поени и 10 скока. Во тимот на Ангели, Мандерсон постигна 18 поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

​ДЕНЕСКА:  

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/R-5m-X4GPOw

19.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/QnG_RtFPRUE

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/Dcu0UINTI5o

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66

Пелистер – Куманово 2009      97:71

ТФТ – Ангели          78:67