14.11.2021

Кавадарчани беа подобри од Феникс 2010 (88:78)

7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА: Еуро Никел 2005 стави крај на серијата на порази

Актуелниот вицешампион ја оствари втората победа сезонава, ставајќи со тоа крај на серијата од четири порази.

Овој триумф доаѓа по пауза од 40 дена, а остварен е во дуелот со дебитантот во елитната конкуренција, екипата на Феникс 2010.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ФЕНИКС 2010           88:78

Вечерва, во тимот на Еуро Никел 2005, се најде повратникот Џексон Дубински, но повторно не играше Предраг Самарџиски кој се уште има проблеми со повредата.

Најголем дел од работата кавадарчани завршија во првата четвртина која ја добија со двојно поголеми (30:15). Во продолжението на играта,  најмногу што успеа деботантото в првата лига е да стигне на шест поени негатива, но кавадарчани прилично комотно го приведоа натпреварот кон крајот.

Обрад Томиќ беше убедливо најдобар играч на натпреварот. Оствари дабл-дабл од 23 поени и 13 скока за индекс 34.

Двоен ефект имаше и Двејн Морган во противничката екипа, беше изразен со 24. поени и 11. скока.