Во исто време, гевгеличани му го нанесоа шестиот пораз во низа на својот ривал и го зацврстија на претпоследната позиција на табелата.
КУМАНОВО 2009 – КОЖУВ 85:89
Кожув подобро го почна натпреварот. Поведе со (12:4), но до крајот на првата четвртина, кумановци се доближија на (21:22).
Нешто подоцна домаќините ја достигнаа највисоката предност од (27:22), но на голем одмор, екипата од Гевгелија замина со предност од четири разлика (39:35).
И во продолжението, слична ситуација на теренот. Гостите го диктираа темпото, а Куманово по една серија дојде до водство од (59:54). Кожув одговори брзо, со девет поени по ред.
А како клучни се покажаа деветте поени во низа кон средината на последниот квартал по кои гостинскиот тим поведе со (77:68). Куманово внесе драматика во финишот, се доближи на 77-79, но не направи нов пресврт.
Андреј Настовски го одигра еден од своите најдобрите натпревари во кариерата. Младиот бек и потенциален репрзентативец, постигни 29 поени, но премалку з апобеда на Куманово.
Кај Кожув се истакна Чаз Вилијамс со 25 поени, 9 асистенции и 6 скока, додека Кирил Николовски беше на чекор до дабл-дабл, оствари 14.поени и 9.скока.