13.11.2021

По триумфот од (89:75), двете екипи се на скор (5-2)

7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар го стигна ТФТ на табелата

По изедначеното прво полувреме во кое гостите ја добија првата, а  домаќините втората четвртина, во продолжението Гостивар беше далеку подобар ривал. Стигна до петтиот триумф во седум одиграни кола, колку што има и ТФТ.

ГОСТИВАР – ТФТ   89:75

Доста израмнет почеток беше виден вечерва во Гостивар. Десет минути во кои двете екипи се менуваа во водството, но ниту една од нив не направи некоја посериозна предност.

На крајот, гостите од Скопје имаа два поени повеќе (21:19).

Малку поинаку излегаа работите во вториот период од играта. Оној во кој гостиварци со помош на Ворку и Дејли, конечно успеаа да се одвојат резултатски.

 Во две минути стигнаа до сосема солидно водство (47:42).

Во продолжението од играта, Гостивар стигна и до двоцифрена предност. Пред крајот на третата четвртина, домаќините имаа плус 10 (66:56).

Ворку доби помош од искусниот Јанески, по чии поени, Гостивар беше уште поблиску до победата. Имаше домашниот тим (71:60) на стартот на последната делница од играта во салата „Младост“. На другата страна парираа екс „гостиварецот“ Костоски, Бродвеј и Николов.

Во последната четвртина долго време на семафорот стоеше резултатот (85:71). Како знак дека Гостивар се одбрани и од последниот напад на гостите од Скопје, и победи. На крајот и убедливо, по петти пат во сезоната за држење на приклучок со водечкиот Пелистер.

Ворку даде 22. поени, Тодоровиќ имаше 20, Дејли 16, а Ефремовски и Силаџи уште по десет поени во домашната екипа.

Кај ТФТ, Бродвеј имаше 19. Костоски 13 (и по шест скока и асистенции), Маслинко 11, а Николов уште 10. реализации.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Гостивар – ТФТ      89:75

Работнички – Навико Академија ФМП        91:68

НЕДЕЛА:

19.00: Куманово 2009 – Кожув

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/CM6LyxTNn-Q

19.30: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/aa8JSNa7erw

16. НОЕМВРИ:

15.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/qSDV4fWSpkI

18.30: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

https://youtu.be/u8RMAOYgDYM