13.12.2020

Уште во првата четвртина домаќините направија двоцифрена предност, која ја задржаа до крајот на средбата со Црн Дрим ГМ (86:75)

7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово рутинерски до третиот триумф

Кошаркарите на Куманово полека излегуваат од оној кризен период кој го предизвика пандемијата од корона вирусот. И кој не им овозможи максимална подготовка за битките на двата фронта, домашниот и оној балканскиот.

Доказ плус за тоа е вечерашната рутинерска победа над екипата на Црн Дрим Грин Мобиле,

Во натпревар исполнет со многу грешки, на двете страни од теренот, вкупно 44...

КУМАНОВО – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ    86:75

Кумановци ја имаа предноста, и тоа двоцифрена, уште во првиот период од играта. Беше (18:8) по шест минути од играта, за првиот период „сино-белите“ го затворат со резултат (24:13).

Вториот дел од играта во првото полувреме беше доста поизедначен. Стружани се обидуваа да симнат дел од таа двоцифрена негатива. И успеаја во тоа, по поентирањето на Коскоски, во 16.минута „се спуштија“ на достижни (27:33).

Но нивниот довчерашен соиграч Рони Рели Рос, со помош на Ненад Зивчевиќ (заедно искомбинираа 25.поени), ја вратија предноста на Куманово на онаа „стандардната“. Имаше Куманово и највисоки (48:35), на истекот на полувремето, кои за два поени ги намали Атанасов, за (48:37) на семафорот во салата на Економското училиште во Куманово.

Во второто полувреме, кумановци не дозволија ново опуштање, не им дадоа на гостите од Струга разликата повторно да биде едноцифрена.

Напротив, освен Рос и Зивчевиќ, во друштвото на „двоцифрени“ влегоа и Марковски односно Андрејевиќ. Тоа беше видливо и на резултатот.

Во 29.минута, Куманово беше на плус 18 (71:53).

Но со серија од седум поени, Црн Дрим Грин Мобиле стигна на колку-толку прифатливи (60:72) на влезот во последната четвртина во која намалија и на -10 (64:74), а на 04:41 минути пред крајот имаа и (69:78).

Но не успеаја да направат и нешто повеќе од тоа на ова гостување каде го доживеаја третиот првенствен пораз.   

Ова беше и четвртта средба за двете екипи во првенството, по која Куманово има скор (3-1), а Црн Дрим Грин Мобиле (1-3).

ФОТО: Кумановски муабети