Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром продолжија со серијата на победи и во домашниот шампионат. По двете победи во АБА 2 конкуренцијата, вечерва, бранителот на титулата без особени проблеми го доби и натпреварот против дебитантот во друштвото на најдобрите – Ангели.
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 77:117
По релативно изедначениот прв период во кој фаворитот сепак стигна до одредена предност (21:17), работите околу тоа кој е фаворит на овој натпревар, станаа појасни во втората четвртина. Онаа во кој бранителот на титулата стигна до двоцифрена позитива, која по 20.минути од играта беше видлива (52:38).
Дел од играта во кој кај МЗТ Скопје преднашеше капитенот Дамјан Стојановски, стрелец на 14.поени, додека на спротивната страна од теренот, свои моменти на добра игра имаше Мандерсон, кој реализираше одлични 16.поени и 5. скока.
Сите дилеми околу победникот ги снема во ѕретиот период од играта, оно ј во кој гостите од Аеродром се стекна асо недостижна предност. По три четвртини МЗТ Скопје Аеродром имаше четворица двоцифрени кошаркари, и поведе со (84:57), па во оние последните десет, работата на „сино-белите“ им беше само обична формалност.
По седум кола, шампионот има учинок од шест победии и еден проаз, доволно за држење на приклучок со водечкиот Пелистер кој некој час порано беше подобар од вториот тим на МЗТ Скопје, Уни Банка.