По завршувањето на обврските во АБА 2 лигата, актуелниот лидер на табелата, екипата на Пелистер им се врати на домашните. На ред дојде гостувањето во СЦ „Јане Сандански“, каде за противник го имаа „вториот тим“ од Аеродром.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ПЕЛИСТЕР 68:96
Домашната екипа пружи доста силен отпор на лидерот на табелата, особено во првиот дел од играта.
Навистина, по скоро девет минути од играта „пелистерците“ водеа со солидни (23:14), но до истекот на периодот по поените на странскиот двоец, Рансом и Марсело, младите „аеродромци“ намалија на (19:23).
Влегувањето на капитенот Трајковски донесе уште посигурен напад на Пелистер. По неговото поентирање (шести поен), гостите имаа двоцифрени (41:30) во средината на втората четвртина.
Идентична беше разликата по првите 20.минути - (51:39).
Осум од деветте играчи на Пелистер кои влегоа во игра, се најдоа во официјалниот записник во тој дел од играта. На другата страна, Рансом комплетираше 12.реализации и 4.скока.
Работите не се променија ниту во второто полувреме. Подобро кажано, гостите од Битола потврдија дека во овој момент се можеби и најкомплетниот состав во Првата лига. Како одминуваа минуте, така ја „билдаа“ разликата, за на крајот да стигат до повеќе од убедлива предост и поеда која ги остава на првата позиција во најквалитетното натпреварување.
Дури шестмина од составот кој го предводи Марјан Илиевски, завршија со двоен број на поени. Најмногу, 17 имаше Малешевиќ, додека два помалку реализираше Хаутон. Во домашната екипа Рансом даде 16, а Исајловски уште 13.поени.