12.11.2021

„Жртва“ им беше екипата на Навико Академија ФМП, во „Кале“ славеа со убедливи (100:77)

7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички го „поправи впечатокот“ по дербито, со „стотка“

Кошаркарите на Работнички одиграа одлични први 20.минути, доволно за да ја прекинат серијата од четири победи по ред на Навико Академија ФМП, и на некој начин да ги тргнат „флеките“ кои ги оставија со лошото издние во вечното дерби со МЗТ Скопје во Аеродро,

Работнички – Навико Академија ФМП        100:77

Феноменално, офанзивно гледано, одиграа кошаркарите на Работнички, во првите 20.минути од натпреваеот во „Кале“. Особено тоа се однесува за странскиот двоец, Џексон Пол и Недим Мустафица. Првиот реализираше 22, а вториот 17.поени во првото полувреме во кое „црвено-белите“ реализираа 59. поени. На другата страна, примија само 37, за убедлив плус од 21. поен.

Предноста не ги опушти домашните кошаркари кај кои беше евидентна желбата да го поправа впечатокот оставен во вечното дерби против МЗТ Скопје Аеродром.

И момците кои од клупата ги предводи Тони Симиќ успеаа во тие обиди и во продолжението од мечот. Не попуштија, напротив во третиот период таа разлика ја поставија на уште повисоки (79:53).

Дел од играта во кој Марковски стана третиот кошаркар со десет или повеќе поени, а Пол веќе изброја до 31!

Последниот се претвори во едно обично одработување на работните задачи во кое Работнички само го потврди убедливиот триумф, петти во седум одиграни натпревари.

Инаку еден натпревар од ова седмо коло ќе се игра во саботниот термин, Гостивар – ТФТ (од 19.часот), уште два во неделниот, Куманово 2009-Кожув (19.00) и Еуро Никел 2005 – Феникс 2010 (од 19.30 часот).

Во вторник, на 16. ноември пак ќе се играат последните две средби од ова седмо коло. Од 15.часот, МЗТ Скопје Уни Банка го пречекува Пелистер, некој час подоцна, од 18.30, Ангели ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Работнички – Навико Академија ФМП        100:77

САБОТА:

19.00: Гостивар – ТФТ

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/kpKBSItrmVM

НЕДЕЛА:

19.00: Куманово 2009 – Кожув

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/CM6LyxTNn-Q

19.30: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/aa8JSNa7erw

16. НОЕМВРИ:

15.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/qSDV4fWSpkI

18.30: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

https://youtu.be/u8RMAOYgDYM