29.11.2021

Седум победи во исто толку натпревари имаат „баделки“

7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 беспрекорно го „заврте“ првиот круг

ФОТО: Максимален ефект имаат кошаркарките на Бадел 1862 и по гостувањето во Струга

Кошаркарките на Бадел 1862 со максимални седум победи во исто толку натпревари го завртеа „првиот круг“ од Првата лига.

На гостувањето во Струга, иако заморени од долгиот пат до Словенија, „баделки“ ја потврдија фаворитската улога. Славеа со сигурни (74:59), за потврда на првата позиција.

Онаа на која атакува и актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам 2011. Составот од Македонска Каменица беше пресилен за Крива Паланка, на гостински терен победи со високи (96:61), и остана на чекор зад лидерот на табелата.

Неизвесност немаше ниту во „градското дерби“ во кое Вардар со плус 30 (93:63) го совлада Работнички, а до нова победа дојдоа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром, сега во дуелот со Пробаскет (59:56).

Во групата „Б“, кавадаречки Трокал победува се пред себе. Во шестото коло кавадарачанки славеа против највозрасниот состав во лигата, Гризли (58:43), за максимални 12. бодови со кои веќе се одвоија на првенствената табела.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет   59:56

Крива Паланка – Баскет Кам 2011     61:96

Вардар – Работнички      93:63

Струга 2009 – Бадел 1862         59:74

ТАБЕЛА: Бадел 1862 14, Баскет Кам 2011 13, Вардар 12, Струга 2009 11, Крива Паланка 10, МЗТ Скопје Аеродром 9, Работнички 8, Пробаскет 7;

ИДНО КОЛО (04.12)

Пробаскет – Баскет Кам

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Крива Паланка – Бадел 1862

Струга 2009 - Работнички

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Трокал – Гризли    58:43

Риниа – ЖКК Куманово  40:61

Мега Баскет – Гостивар  41:95

Патриот 2016 – Шкупи   64:38

Тим Арена – слободен

ТАБЕЛА: Трокал 12, Патриот 2016 9, Гостивар 2009 9, Тим Арена 8, Гризли 8, Шкупи 7, ЖКК Куманово 2020 6, Риниа 6, Мега Баскет 6;

ИДНО КОЛО (04.12)

Шкупи – Тим Арена

Гостивар – Патриот 2016

Куманово – Мега Баскет

Гризли – слободен

Трокал - слободен