ФОТО: Кошаркарите на Чаир 2030 продолжуваат со максималниот ефект
Екипата на Чаир 2030 направи уште еден чекор напред во реализација на амбициите кои се граничат со пласман во прволигашата конкуренција.
Засега, во онаа второлигашката, екипата од Чаир продолжува со максимален ефект. Стигна тимот кој од клупата го предводи Ерхан Рамадан и до седмата победа во Втората лига. Нивната најнова „жртва“ беше екипата на Партизан Водно Санс која од Чаир си замина со убедлив пораз (107:84).
Во прилог на овој, на чаирчани им оди и резултатот од натпреварот Хераклеа – Соколи 1933. Битолчани победија со (76:73), па сега екипата од Штип, која е прв пратител на Чаир 2030 заостанува два чекори.
На ист ефект (5-2), и делба на втората позиција на табелата, сега е и екипата на Вардар која „Под Кале“ беше за еден поен подобра од велешки Борец Баскет (79:78).
Чекор понапред направи и втората екипа од Чаир, Шкупи, која со убедливи (80:62) беше подобра од Струмица. По серијата на порази, победи и Тетекс ТТК. Пред својата публика во Тетово го совлада струшки Црн Дрим (73:68).
Особено важно ќе биде наредното коло во кое лидерот на табелата ќе гостува во Штип. Тоа ќе биде шанса за штипјани да го намалат заостанувањето зад неприкосновениот Чаир 2030.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
Хераклеа – Соколи 1933 76:73
Вардар – Борец Баскет 79:78
Шкупи – Струмица 80:62
Чаир 2030 – Партизан Водно Санс 107:84
Тетекс ТТК – Црн Дрим 73:68
24.11: Охрид – Баскет Кам
ТАБЕЛА: Чаир 2003 14, Соколи 1933 12, Вардар 12, Шкупи 11, Партизан Водно Санс 11, Струмица 10, Баскет Кам 9 (-1), Борец Баскет 9, ГКК Охрид 9 (-1), Хераклеа 9, Тетекс ТТК 9, Црн Дрим 8;
ИДНО КОЛО (27.11)
Вардар – Шкупи
Соколи 1933 – Чаир 2030
Борец Баскет – Црн Дрим
Партизан Водно Санс – ГКК Охрид
Баскет Кам – Тетекс ТТК
Струмица - Хераклеа