7. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Хераклеа е новиот лидер на Западот - КФСМ
07.12.2020

Со победата над Мега Баскет (100:74), екипата од Битола ја превзема првата позиција

7. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Хераклеа е новиот лидер на Западот

Кошаркарите на Хераклеа се новите лидери во групата Запад. Екипата од Битола го доби дуелот со „соседите“ од Прилеп, Мега Баскет, со убедливи (100:74), и по ова седмо коло стигна до позицијата број 1.

Битолчани имаат шест победи во седум одиграни натпревари, а во нивна корист беше и минималната победа на ГКК Охрид над екипата на Тетекс ТТК (69:68). Новиот второлигаш му го нанесе вториот пораз на составот од Тетово, а со овие два бода, се искачи на втората позиција на табелата.

Во оваа група, Партизан Водно Санс ја доби скопската пресметка против младиот тим на Спарта (96:78), а Риниа беше подобра од аутсајдерот Спорт Тим (89:64), а одложен беше дуелот Пелистер Медика Карта-Чаир 2030.

На Истокот, две убедливи победи на Баскет КАМ и Пробаскет. Екипата од М. Каменица славеше во дуелот со Ролинг 08 (84:43), додека Пробаскет со плус 20 го совлада вториот тим на Куманово (77:57).

Од здравствени причини, во оваа група се одложени три натпревари, Шкупи-Ангели, МКК Куманово-Струмица, и Борец Баскет–Феникс 2010.

ФОТО Bitola News

 

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

ИСТОК

Ролинг 08 – Баскет КАМ 43:84

Пробаскет – Куманово 2            77:57

Шкупи – Ангели    одложено

МКК Куманово – Струмица одложено

Борец Баскет – Феникс 2010    одложено

ТАБЕЛА: Ангели 12 (-1), Борец Баскет 11, Феникс 2010 9 (-1), Баскет КАМ 8 (-2), Пробаскет 8 (-1), Шкупи 7 (-2), Струмица 7 (-1), Куманово-2 7 (-1), Ролинг 08 7, МКК Куманово 4 (-3)

ИДНО 8. КОЛО (12.12)

Феникс 2010 – Баскет КАМ

Струмица – Ролинг 08

Ангели – МКК Куманово

Куманово 2 – Шкупи

Борец Баскет - Пробаскет

ЗАПАД

ГКК Охрид – Тетекс ТТК  69:68

Риниа – Спорт Тим           89:64

Спарта – Партизан Водно Санс            78:96

Хераклеа – Мега Баскет 100:74

Пелистер Медика Карта – Чаир 2030 одложено

ТАБЕЛА: Хераклеа 13, ГКК Охрид 12, Чаир 2030 11, Тетекс ТТК 10 (-1), Партизан Водно Санс 10 (-1), Пелистер Медика Карта 9, Мега Баскет 8 (-1), Спарта 8, Риниа 8 (-1), Спорт Тим 7

ИДНО 8. КОЛО (12.12)

Спорт Тим – Чаир 2030

Тетекс ТТК – Пелистер Медика Карта

Партизан Водно Санс – Охрид

Мега Баскет – Спарта

Риниа - Хераклеа