23.12.2019

7. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: Каков шок за Партизан ВС, Тетекс ТТК им покажа дека не се непобедливи

Единствена непоразена екипа во седум одиграни кола останува ТФТ од Скопје која без проблеми ја совлада Спарта (105:85)...

 

Седум кола требаше да поминат за кошаркарите на Партизан Водно Санс да го забележат првиот пораз во Втората лига.

И да биде полошо за скопските „црно-бели“, дојде на домашен терен, во дуелот против екипата на Тетекс ТТК.

Славеа тетовци со минимални (90:89), и му го нанесоа првиот пораз на тимот кој го предводи Тони Симиќ.

Тој момент го искористија кошаркарите на Црн Дрим кои на свој терен, во Струга, славеа победа над прилепски Мега Баскет (88:80), па сега се само на чекор до лидерот во Западната конференција од Втората лига.

Најубедлива игра прикаа кошаркарите на Ангели кои стигнаа до повеќе од убедлив триумф против битолска Хераклеа (85:50), а втората гостинска победа ја реализираа кошаркарите на Чаир 2030 со успехот против Албес (81:60), на средбата одиграна во Гостивар.  

Во онаа источната пак, барем засега, префиксот непобедливи останува за кошаркарите на ТФТ. Екипата од скопската населба Тафталиџе без големи проблеми ја победи Спарта (105:85). Па сега се на ефект (7-0), за лидерско место во оваа зона.

Одлично туркаат и младите кошаркари на Феникс 2010 кои во овој круг од натпреварите беа убедливи против КАМ Баскет (76:56). И имаат ефект од пет победи и само еден пораз во досегашниот дел од сезоната.

Засилени со екс-репрезентативецот Владимир Брчков, екипата на Борец Баскет го совлада скопски Шкупи, (77:74).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

ТФТ – Спарта          105:85
Феникс 2010 – Баскет КАМ       76:56
Борец Баскет – Шкупи    77:74
25.12: МКК Куманово – Риниа
Струмица – слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 14,  Феникс 2010 11, Струмица 11, Борец Баскет 9, Шкупи 9, Баскет КАМ 8, Спарта 7, МКК Куманово  6 (-1), Риниа 6 (-1)

ИДНО КОЛО (01.02.2020)

Риниа – Борец Баскет
Баскет КАМ - МКК Куманово
Спарта - Феникс 2010
Струмица – ТФТ
Шкупи - слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Партизан ВС – Тетекс ТТК          89:90
Албес – Чаир 2030           60:81
Црн Дрим – Мега Баскет           88:80
Ангели – Хераклеа           85:50
Спорт Тим - слободен

ТАБЕЛА: Партизан ВС 13, Црн Дрим 11, Мега Баскет 11, Ангели 10, Чаир 2030 9, Тетекс ТТК 9, Хераклеа 8,  Албес 7, Спорт Тим 6

ИДНО КОЛО (01.02.2020)

Ангели - Црн Дрим
Чаир 2030 – Хераклеа
Тетекс ТТК - Албес
Спорт Тим - Партизан ВС
Мега Баскет - слободен