04.12.2020

Дали има прволигашки амбиции составот од Тетово ќе треба да „одговори“ на гостувањето кај новиот второлигаш

7. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА-МАЖИ: Вистински испит за Тетекс во Охрид

Средбата која во сабота од 14 часот, се игра во Охрид, а во која ќе се сретнат екипите на ГКК Охрид и Тетекс ТТК, треба да го одбележи настапувачкото седмо коло од Втората лига.

Охриѓани се во серија од неколку победи, најважната од пред три дена, кога беа подобри од лидерот на Западот, Чаир 2030. Тетовци пак имаат само еден загубен меч, оној пред две кола во Битола, од Хераклеа, и со право се надеваат на успех на ова гостување во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Од здравствени причини, некои од екипите кои се, или гравиритаат на првите места во двете конференции, ќе го прескокнат овој второлигашки викенд.

Одложени се четири натпревари, Борец Баскет-Феникс 2010, Шкупи-Ангели и МКК Куманово – Струмица, од источната, односно Пелистер Медика Карта-Чаир 2030 од западната група.  

 

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 7. КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

13.00: Ролинг 08 – Баскет КАМ

НЕДЕЛА:

14.00: Пробаскет – Куманово 2

Шкупи – Ангели    одложено

МКК Куманово – Струмица одложено

Борец Баскет – Феникс 2010    одложено

ТАБЕЛА: Ангели 12, Борец Баскет 11, Феникс 2010 9 (-1), Шкупи 7 (-2), Струмица 7 (-1), Баскет КАМ 6 (-2), Куманово-2 6 (-1), Пробаскет 6 (-1), Ролинг 08 6, МКК Куманово 4 (-3)

ЗАПАД

САБОТА:
14.00: ГКК Охрид – Тетекс ТТК

17.30: Риниа – Спорт Тим

НЕДЕЛА:

12.00: Спарта – Партизан Водно Санс

13.00: Хераклеа – Мега Баскет

Пелистер Медика Карта – Чаир 2030 одложено

ТАБЕЛА: Чаир 2030 11, Хераклеа 11, ГКК Охрид 10, Тетекс ТТК 9 (-1), , Пелистер Медика Карта 9, Партизан Водно Санс 8 (-1), Мега Баскет 7 (-1), Спарта 7, Риниа 6 (-1), Спорт Тим 6