19.11.2021

Ги искористија сите грешки на ТФТ, за нов успешен настап (90:85)

8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 не личи на дебитант, победи по четврти пат

Кошаркарите на Феникс 2010 продолжија со изнеадувањата. Новиот члне на Првата лига, изненади уште еднаш, вечерва беше подобар од ланското големо изненадуавње во друштвото на најдобрите - ТФТ

ФЕНИКС 2010 – ТФТ         90:85

Апсолутно израмнето се играше во првиот дел од мечот во „Јане Сандански“. По 16.минути од играта двете екипи имаа по 40.поени. А до крајот на првото полувреме, одлично издание имаше Џонс, кој уфрли 21.поен.

Но поважно од тоа беше добрата одбрана на „фениксовци“ над ударниот двоец на ТФТ, Костоски-Хортон, кој во тие 20.минути останаа без реализација. Па во нивно „отсуство“ Страхил Николов, со десет поени, беше првиот двоцифрен играч во гостинската екипа.

Со серијата од (11-2) реализирана во четири минути, Феникс 2010 се стекна со убава предност на истекот на 20.минути, (51:42). Пред Хортон, најдобриот стрелец на ТФТ го запише својот прв поен на натпреварот, а Херис ги постави (51:45).

Но далеку од тоа дека таа позитива му беше доволна на дебитантот како некаква гаранција за успех-победа.
Напротив...

Изедначено беше и во продолжението на играта, иако во 28.минута, домашната екипа одново имаше сосема солидни (73:67).Дел од играта во кој трилингот Американци, Кларк-Џонс-Морган имаше 57, од тие 73 поени за Феникс 2010.

Со серија од пет поени по ред (тројка на Сапунџиев и две „слободни“ на Смит), ТФТ одново се врати во трката за пресврт. По три четвртини резултатот гласеше (73:72).

Требаше да поминат повеќе од 33.минути за ТФТ да стигне до егал-скор (79:79).

На 23 секунди пред крајот, о првито поен на Костоски, Феникс 2010 имаше минимални (86:85). Ги „подигна“ со „отпадок“ Морган (88:85) и остави само 12 секунди за „одговор“ на противникот.

Не дојде, зато што Харис не ја исфрли топката од аут во рок од пет секунди, како што налагаат правилата на кошаркарската игра. Потоа следуваше уште една грешка во одбраната на ТФТ. Беше оставен сам, на „зицер“ Михајлоски, за потврда на победата, четврта за дебитантот во осум одиграни натпревари.  

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО

Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка           104:92

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      78:75

Феникс 2010 – ТФТ           90:85

САБОТА:

18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/9VP0lrLO1h8

19.00: Навико Академија ФМП - Ангели

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/kkJSeuC9I3I

20.00: Пелистер - Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/nGUkXo8Jg6c