19.11.2021

Вечерва, двојна програма во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје Аеродром домаќин на Гостивар, а Феникс 2010 на ТФТ...

8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци го предизвикуваат првакот

Поради почетокот на подтотовките на нашиот сениорски национален тим за настапите во квалификациите за Светскиот Куп 2023, осмото првенствено коло ќе биде „поделено“ на два дела.

Едниот ќе се игра денеска, другиот во саботните, вечерни термини.  

Осмото коло ќе биде отворено со средбата во Гевгелија, каде кошаркарите на Кожув против МЗТ Скопје Уни Банка ќе се обидат да ја запишат и четвртата победа по ред, со која уште повеќе ќе се приближат кон средишниот дел од табелата. Нема да им биде лесно против младите „металци“ кои и во изминатиот период покажаа дека знаат да изненадат, особено кога некој ќе ги потцени.

Дерби дуелот на оваа „прва половина“ ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, каде МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Гостивар. Пред првенствената пауза, бранителот на титулата ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи против екипата која игра се подобро и подобро.

„Двојната“ програма“ во салата во Аеродром ќе биде затворена со средбата во која Феникс 2010 го пречекува составот на ТФТ. Уште една интересна пресметка во која новакот во друштвото на најдобрите бара простор да направи уште едно изненадување во првенството. Досега беа три, но тука момците на тренерот Денис Дервишевиќ сигурно нема да застанат.

„Втората вечер“ од 8 коло носи уште три натпревари од кој посебно важен е веројатно оној во Битола (20.часот), каде Пелистер е домаќин на Работнички. Во Кисела вода, (од 19.часот) ќе се игра дуелот на „соседите“, во кој Навико Академија ФМП го дочекува тимот на Ангели, а нешто порано, од 18.часот, Еуро Никел 2005 ќе бара нов успех во мечот против Куманово 2009. Екипа која во меѓувреме направи тренерска смена по која Владимир Мирковски повторно е на кормилото на „сино-белите“, во обид да стави крај на поразителната серија.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.30: Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала  „26 април“ - Гевгелија

https://youtu.be/7_l6gVj4Gqk

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/vYhk87ehl80

20.30: Феникс 2010 – ТФТ

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/BQZ9uvbXgG0

САБОТА:

18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/9VP0lrLO1h8

19.00: Навико Академија ФМП - Ангели

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/kkJSeuC9I3I

20.00: Пелистер - Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/nGUkXo8Jg6c