11.12.2020

Ангели се фаворит во дуелот со МКК Куманово, а во сабота навечер следува и струмичка пресметка...

8. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Тетекс бара брза рехабилитација, Риниа ја предизвикува Хераклеа

Три натпревари во сабота, и уште еден во недела се на програмата од осмото второлигашко коло.

Некомплетно, затоа што поради неповолната здравствена слика во дел од клубовите од оваа конкуренција, некои од натпреварите се одложени.

Групата Исток носи два натпревари...

Првиот е во сабота навечер, од 18.часот, кој всушност е мала струмичка пресметка, а во која силите ќе ги одмерат екипите на Струмица и Ролинг 08.

Во недела пак, од 13. часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, досега непобедениот состав на Ангели ја пречекува екипата на МКК Куманово.

На Западот ќе се одиграат уште две средби, во саботни термини. Од 17.часот, екипата на Тетекс ТТК го дочекува тимот на Пелистер Медика Карта. Добра можност за тетовци да го исправат пропуштеното од претходното коло на гостувањето во Охрид.

Пола час подоцна (17.30), екипата на Ринија ќе ја предизвика Хераклеа, актуелниот лидер во оваа западна конференција од Втората лига.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

18.00: Струмица – Ролинг 08

НЕДЕЛА:

13.00: Ангели – МКК Куманово

Куманово 2 – Шкупи       одл.

Феникс 2010 – Баскет КАМ       одл.

Борец Баскет – Пробаскет        одл.

ТАБЕЛА: Ангели 12 (-1), Борец Баскет 11, Феникс 2010 9 (-1), Баскет КАМ 8 (-2), Пробаскет 8 (-1), Шкупи 7 (-2), Струмица 7 (-1), Куманово-2 7 (-1), Ролинг 08 7, МКК Куманово 4 (-3)

ЗАПАД

САБОТА:

17.00: Тетекс ТТК – Пелистер Медика Карта

17.30: Риниа – Хераклеа

Мега Баскет – Спарта   одл.

Спорт Тим – Чаир 2030  одл.

Партизан Водно Санс – ГКК Охрид    одл.

ТАБЕЛА: Хераклеа 13, ГКК Охрид 12, Чаир 2030 11, Тетекс ТТК 10 (-1), Партизан Водно Санс 10 (-1), Пелистер Медика Карта 9, Мега Баскет 8 (-1), Спарта 8, Риниа 8 (-1), Спорт Тим 7