14.12.2020

Риниа славеше победа над лидерската екипа на Западот, струмичкото дерби за Струмица...

8. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Тетекс се поблиску до врвот на Западот, Хераклеа не го издржа притисокот

Пандемијата која со себе ја донесе корона вирусот придонесе овој викенд да се одиграат само три натпревари од второлигашката конкуренција.

А во нив, посебно интересни беа оние кои се одиграа во групата „Запад“.

Актуелниот лидер на табелата, екипата на Хераклеа, изненадувачки, загуби на гостувањето кај Риниа (64:71).

Поразот на битолчани е „добредојден“ за кошаркарите на Тетекс ТТК, кои продолжија со доминантните игри на домашен терен. Во Тетово падна уште една битолска екипа, Пелистер Медика Карта, (101:80).

Со натпревар помалку, и скор (5-2) Тетекс ТТК се проби на втората позиција на табелата на која  води Хераклеа со 14. освоени бодови и еден натпревар повеќе, а два порази, но во седум натпревари, имаат и кошаркарите на ГКК Охрид.  

На Истокот се одигра само еден меч, оној во Струмица. Претставуваше мало струмичко дерби, но само „на хартија“ затоа што екипата на Струмица без особени проблеми славеше со убедливи (89:65).

Оттука и изгледот на табелата не претрпе некои сериозни промени. Со максимални шест победи во исто толку натпревари води екипата на Ангели, пред велешки Борец Баскет, Феникс 2010, Струмица...   

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

ИСТОК

Струмица – Ролинг 08    89:65

Ангели – МКК Куманово            одл.

Куманово 2 – Шкупи       одл.

Феникс 2010 – Баскет КАМ       одл.

Борец Баскет – Пробаскет        одл.

ТАБЕЛА: Ангели 12 (-2), Борец Баскет 11 (-2), Феникс 2010 9 (-3), Струмица 9 (-2), Баскет КАМ 8 (-3), Пробаскет 8 (-2), Ролинг 08 8, Шкупи 7 (-4), Куманово-2 7 (-2), МКК Куманово 4 (-5)

ИДНО КОЛО (19.12)

Пробаскет – Феникс 2010

Шкупи – Борец Баскет

МКК Куманово – Куманово 2

Ролинг 08 – Ангели

Баскет КАМ - Струмица

ЗАПАД

Риниа – Хераклеа 71:64

Тетекс ТТК – Пелистер Медика Карта           101:80

Мега Баскет – Спарта      одл.

Спорт Тим – Чаир 2030  одл.

Партизан Водно Санс – ГКК Охрид    одл.

ТАБЕЛА: Хераклеа 14, ГКК Охрид 12 (-1), Тетекс ТТК 12 (-1), Чаир 2030 11 (-2), Партизан Водно Санс 10 (-2), Риниа 10 (-1), Пелистер Медика Карта 10 (-1), Спарта 8 (-1), Мега Баскет 8 (-2), Спорт Тим 7 (-1)

ИДНО КОЛО (19.12)

Хераклеа – Спорт Тим

Спарта – Риниа

ГКК Охрид – Мега Баскет

Пелистер Медика Карта – Партизан Водно Санс

Чаир 2030 – Тетекс ТТК

ФОТО: Дрнка.мк