Во пресрет на дерби-дуелот на ова коло, кој во среда се игра во Штип, каде Соколи 1933 го пречекуваат водечкиот Чаир 2030
Кошаркарите на Вардар се доближија до врвот на првенствената табела во оваа второлигашка конкуренција откако со сигурни (102:87) стигнаа до победа во натпреварот против екипата на Шкупи.
Со ефект (6-2) сега „вардарци“ се на втората позиција, а во очекување на исходот од дерби дуелот на ова осмо коло во кој, во среда, во Штип, ќе се сретнат екипите на Соколи 1933 и Чаир 2030.
Чекор поблоску до горните позиции направија и кошаркарите на Партизан Водно Санс кои беа подобри пд ГКК Охрид (86:72), и Струмица, која славеше со убедливи (90:67) против битолска Хераклеа.
Сигурен триумф запишаа и кошаркарите на Баскет Кам кои во Македонска Каменица беа подобри од Тетекс ТТК (63:51). Во Велес, Борец Баскет му даде дури 103 поени на струшки Црн Дрим и го остави на последното место на табелата.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Вардар – Шкупи 102:87
Борец Баскет – Црн Дрим 103:92
Партизан Водно Санс – ГКК Охрид 86:72
Баскет Кам – Тетекс ТТК 63:51
Струмица – Хераклеа 90:67
01.12: Соколи 1933 – Чаир 2030
ТАБЕЛА: Чаир 2003 14 (-1), Вардар 14, Партизан Водно Санс 13, Соколи 1933 12 (-1), Баскет Кам 12, Струмица 12, Шкупи 12, ГКК Охрид 12, Борец Баскет 11, Тетекс ТТК 10, Хераклеа 10, Црн Дрим 9;
ИДНО КОЛО (04.12)
Хераклеа – Вардар
Шкупи – Борец Баскет
Чаир 2030 – Струмица
Тетекс ТТК – Партизан Водно Санс
Охрид – Соколи 1933
Црн Дрим – Баскет Кам