03.02.2020

8. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: ТФТ продолжува со стонастотен ефект, продор на Ангели и Феникс 2010 кон врвот

Скопските „црно-бели“ поминаа на тешкото гостување во Струмица (88:81), Ангели беа подобри од Црн Дрим (90:81)...


Малку подолга пауза направија екипите кои се натпреваруваат во Првата лига. А првиот ден од февруари пак беше резервиран за натпреварите од осмото коло. Рунда во која кошаркарите на ТФТ од Скопје ја продолжија победоносната серија. Ги освоија двата бода на нималку лесното гостување, она во Струмица, каде победија со (88:81). Тоа е осма победа во исто толку натпревари за „црно-белите“ и прво место на Истокот, каде овој пораз на струмичани го искористи екипата на Феникс 2010, која минимално ја победи Спарта (75:73).

Доволно за втората позиција на табелата.

Во западната конференција, лидер останува екипата на Партизан Водно Санс. Славеа избраниците на Тони Симиќ на гостински терен во Неготино. Против Спорт Тим имаа плус од 20.поени (95:75), со што ја задржаа предноста во однос на конкуренцијата. Во меѓусебниот дуел на нивните конкуренти, кошаркарите на Ангели излегоа како победници против струшки Црн Дрим. Славеа со сигурни (90:81), па сега бодовно се израмнија со екипата од Струга. Чекор зад нив се Чаир 2030, кој во ова коло беше убедлив во дуелот со Хераклеа (79:56), како и Тетекс ТТК кој без проблеми го победи Албес со (76:64).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Спарта - Феникс 2010  73:75
Риниа – Борец Баскет  72:71
Струмица – ТФТ 81:88
МКК Куманово – Баскет Кам     73-68
Шкупи - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 16, Феникс 2010 13, Струмица 12, Борец Баскет 10, Ринија 9, Шкупи 9, МКК Куманово 8, Спарта 8, Баскет КАМ 8;

ИДНО КОЛО (08.02)

Феникс 2010 – Струмица
МКК Куманово – Спарта
Борец Баскет – Баскет КАМ
Шкупи - Риниа
ТФТ - слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Ангели – Црн Дрим       90:81
Тетекс ТТК – Албес       76:64
Спорт Тим – Партизан ВС      75:95
Чаир 2030 – Хераклеа  79:56
Мега Баскет - слободен

ТАБЕЛА: Партизан ВС 15, Ангели 12, Црн Дрим 12, Чаир 2030 11, Тетекс ТТК 11, Мега Баскет 11, Хераклеа 9, Албес 8, Спорт Тим 7;

ИДНО КОЛО (08.02)
Албес – Спорт Тим
Хераклеа – Тетекс ТТК
Црн Дрим – Чаир 2030
Мега Баскет - Ангели
Партизан ВС - слободен